• Импресум
Friday, May 22, 2026
METRO.mk
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
METRO.mk
Нема резултати
Погледни ги сите

Објавен ревизорскиот извештај: Владата кратела пари од правосудството за да додели и до пет пати повеќе за себе

21/07/2023
Време за читање: 1 минути
A A
Објавен ревизорскиот извештај: Владата кратела пари од правосудството за да додели и до пет пати повеќе за себе

Државниот завод за ревизија (ДЗР) денеска го објави Ревизорскиот извештај на усогласеност на Основниот буџет на Република Македонија (Буџет на РМ), со која се опфатени планирањето, подготовката, донесувањето и извршувањето на Буџетот за 2022 година. Според Извештајот, Владата одобрила пет пати повеќе пари од планираното во 2022 година за Министерството за транспорт и врски, себе си си доделила 2,5 пати повеќе плари од планираните но затоа им ги скратила парите на судството за 63 отсто повеќе од планираното, а на Јавното обвинителство наместо законските 0,4 отсто од БДП им дале 0,21 отсто од парите што им следуваат. Вкупните приходи и приливи во 2022 година се остварени за 11 отсто помалку во однос на 2021 година, во износ од околу 202 милијарди денари, што во најголем дел се должи на намалувањето на задолжувањето во странство (62 отсто) и домашното задолжување (37 отсто).

Буџетот за 2022 година изнесуваше приближно 182 милијарди денари и во однос на 2021 година е помал за 7 отсто, додека во однос на бараните пари од буџетските корисници е помал за 29 отсто, пишува ДЗР во најновиот Извештај.

Со ребалансот на буџетот од јули 2022 година, како и со две Одлуки за прераспределба на средства помеѓу буџетските корисници на централната власт и помеѓу фондовите од ноември 2022 година, Владата го зголемила Основниот буџет за 2022 година за 8 отсто.

Според ДЗР, во континуитет се известува дека одобрените буџети на буџетските корисници не е во сооднос со реалните потреби за реализација на поставените цели. Иста е состојбата и за 2022 година, односно износот на одобрени пари од Основен буџет (сметка 637) е повисок за 21 отсто во однос на максималните износи на одобрени средства.

„Значително зголемување на одобрени средства за 2022 година има кај Министерството за транспорт и врски, кои во однос на претходната година се зголемени за околу 5 пати, поради воведување на новата владина програма 2М–Инвестиции во патна инфраструктура, за имплементација на Проектот за изградба на инфраструктурниот Коридор 8 (делница Тетово – Гостивар – Букојчани и Проектот за автопатот Требеништа – Струга – Ќафасан) и Коридорот 10д (делница на автопатот Прилеп – Битола) . Исто така зголемување е утврдено и кај Владата, при што одобрениот буџет е за 2,5 пати поголем во однос на планираните максимални износи. Ваквата состојба е резултат на проширување на програмата П1-Мерки за справување со Ковид-19 кризата и други антикризни мерки, во рамките на која опфатени се и мерки за други кризи, кои не биле планирани при подготовката на буџетот, кога максималните износи на расходи биле утврдени на пониско ниво во однос на 2021 година за околу 50 отсто“, констатирале ревизорите од ДЗР.

Планираното зголемување кај приходите е во насока на оптимизирање на изворите на финансирање на буџетскиот дефицит, додека кај планираното зголемување кај расходите во најголем дел е насочено кон реализација на дел од мерките на Владата за надминување на последиците од енергетската криза.

Ревизорите укажуваат дека имајќи го предвид обемот на надлежностите, големината на буџетот, организациона структура, кадровската екипираност на Владата, поставеноста на внатрешните контроли, како и обврската за континуиран мониторинг и контрола над законското користење на доделените пари по основ на владини програми, потребно е „да се преиспита актуелниот начин на буџетирање каде со планирањето во најголем дел реализацијата на парите се врши преку разделот на Влада и да се распределат средствата во буџетите на одделните институции согласно законските надлежности кои ги врши секоја одделно“.

Освен ова ревизроите констатирале дека Владата при распределба на парите наместо да им ги додели законски предвидените средства на судовите и јавните обвинителства таа од нив кратела повеќе од половина од потребниот буџет.

„Исто така констатирано е дека средствата кои се издвојуваат за финансирање на Судската власт во износ од околу 2,3 милијарди денари претставуваат 0,3 отсто од БДП и истите се за 63 отсто помали од законски утврдениот лимит, додека за Јавното обвинителство одобрените средства во износ од околу 643 милиони денари претставуваат 0,21 отсто од средствата на Буџетот за 2022 година, иако согласно Законот за јавното обвинителство висината на средствата за работа треба да изнесуваат најмалку 0,4% од буџетот на државата, доколку со тоа не се нарушува праведната распределба на буџетските средства“, констатирал ДЗР.

Буџетскиот дефицит на ниво на Централен Буџет изнесува 5,1 отсто од БДП и истиот е 0,8 отсто над проектираниот процент од 4,3 отсто, предвиден во Фискалната стратегија за 2022-2024 (со изгледи до 2026 година).

Во однос на 2021 година учеството на буџетскиот дефицит во БДП е намален за 0,3 отсто, што укажува на стабилизација и намалување, но сепак неговото учество во БДП за 2022 година е на повисоко ниво во однос на годините пред здравствено-економската криза и според предвидувањата во фискалната стратегија се очекува истиот преку континуирано намалување во наредните години, во 2026 година да изнесува 2,2 отсто од БДП.

Вкупните приходи и приливи во 2022 година се остварени за 11 отсто помалку во однос на 2021 година, во износ од околу 202 милијарди денари, што во најголем дел се должи на намалувањето на задолжувањето во странство (62 отсто) и домашното задолжување (37 отсто).

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

13 годишно момче со електричен тротинет тешко повредено во сообраќајка
Вести

Украден тротинет брзо пронајден, приведен 26-годишник од Тетово

22/05/2026
САД ги предупредуваат свои граѓани за големи демонстрации во Белград
Вести

САД ги предупредуваат свои граѓани за големи демонстрации во Белград

22/05/2026
Тошковски: Човечкиот живот нема цена – МВР и Фондацијата „Фросина Кулакова“ заеднички ќе работат на поголема безбедност во сообраќајот
Вести

Тошковски: Човечкиот живот нема цена – МВР и Фондацијата „Фросина Кулакова“ заеднички ќе работат на поголема безбедност во сообраќајот

22/05/2026
Протест на приватните превозници: Не оставија без леб, срам да и е на градоначалничката!
Вести

Стоп за тендерот за електрични автобуси и полначи, следува нова постапка

22/05/2026
Маж приведен откако направил хаос во казино
Вести

Несекојдневен обид во затворот Идризово: Во 28 јајца откриени дрога и кокаин

22/05/2026
Во Скопје казнет 151 возач
Вести

Нов случај на семејно насилство во Прилеп, полицијата постапува

22/05/2026
Следна вест
НАСА: Јули е најтопол во илјадници години, 2024 ќе биде уште потопла

НАСА: Јули е најтопол во илјадници години, 2024 ќе биде уште потопла

Најнови вести

13 годишно момче со електричен тротинет тешко повредено во сообраќајка

Украден тротинет брзо пронајден, приведен 26-годишник од Тетово

22/05/2026
САД ги предупредуваат свои граѓани за големи демонстрации во Белград

САД ги предупредуваат свои граѓани за големи демонстрации во Белград

22/05/2026
Тошковски: Човечкиот живот нема цена – МВР и Фондацијата „Фросина Кулакова“ заеднички ќе работат на поголема безбедност во сообраќајот

Тошковски: Човечкиот живот нема цена – МВР и Фондацијата „Фросина Кулакова“ заеднички ќе работат на поголема безбедност во сообраќајот

22/05/2026
Протест на приватните превозници: Не оставија без леб, срам да и е на градоначалничката!

Стоп за тендерот за електрични автобуси и полначи, следува нова постапка

22/05/2026
Маж приведен откако направил хаос во казино

Несекојдневен обид во затворот Идризово: Во 28 јајца откриени дрога и кокаин

22/05/2026
Во Скопје казнет 151 возач

Нов случај на семејно насилство во Прилеп, полицијата постапува

22/05/2026
  • Импресум
Информации: +00 389 123 456 789

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.

Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.