На патниот правец Удово – Валандово утрово од 05:25 часот е воведена забрана за сообраќај поради излевање на Калковска Река. Сообраќајот се пренасочува по алтернативната делница село Марвинци – Валандово.
Според информациите од Авто-мото сојузот на Македонија, магла има на планинските превои Плетвар, Ѓавато и Пресека, каде што видливоста е намалена на околу 100 метри.
На останатите патишта низ државата сообраќајот се одвива во зимски услови, со остатоци од кашест снег на одредени повисоки места, поради што се препорачува внимателно и прилагодено возење.
На граничните премини од македонска страна, во моментов нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:












