• Импресум
Friday, July 24, 2026
METRO.mk
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
METRO.mk
Нема резултати
Погледни ги сите

Араухо бара пауза: Психичкиот притисок го тргна од тимот на Барселона

01/12/2025
Време за читање: 1 минути
A A
Араухо бара пауза: Психичкиот притисок го тргна од тимот на Барселона

Роналд Араухо повеќе не може да го издржи притисокот и привремено нема да настапува за Барселона. Според шпанските медиуми, не е исклучено ова да значи и крај на неговата етапа во клубот, зависно од тоа како ќе се развие неговата ментална состојба во следниот период. Уругвајскиот дефанзивец самиот побарал да биде тргнат од составот.

Араухо веќе подолг период е на удар на критики поради нестабилните настапи, а ситуацијата кулминираше по натпреварот против Челзи минатиот викенд. Барселона загуби со 3:0, првиот гол беше резултат на негова лоша реакција, а поради прекумерен приговор доби жолт картон. Во 44-та минута направи прекршок врз Кукуреља, по што доби втор жолт и беше исклучен. Во второто полувреме Барса со играч помалку прими уште два гола.

По натпреварот следуваше силен бран критики, а клубот официјално соопшти дека Араухо ќе го пропушти дуелот со Алавес поради стомачни проблеми. Сепак, подоцна стана јасно дека причината е многу посериозна.

Тренерот Ханси Флик на прес-конференција пред дербито со Атлетико Мадрид изјави дека Араухо нема да биде во составот „поради лични причини“, а медиумите во Шпанија брзо открија дека станува збор за ментален притисок и психичка исцрпеност.

Во понеделникот Араухо пристигнал на тренинг, но не работел со екипата. Наместо тоа, имал разговор со раководството и тренерскиот тим во присуство на своите агенти. Им објаснил дека не се чувствува психички подготвен да продолжи, иако физички е целосно здрав. Оценил дека во таква состојба би бил товар за тимот и дека тоа не е фер кон неговите соиграчи.

Клубот му понудил целосна поддршка и му одобрил неопределен период на одмор за да закрепне и да се стабилизира.

Шпанските медиуми пренесуваат дека постои реална можност Араухо да ја напушти Барселона во летниот преоден рок, доколку неговата состојба не се подобри или доколку самиот побара промена на средината.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Жена од Македонија приведена во Црна Гора поради смрт на куче
Вести

Жена од Македонија приведена во Црна Гора поради смрт на куче

24/07/2026
Македонските кошаркари до 18 години немоќни против Грузија
Вести

Македонските кошаркари до 18 години немоќни против Грузија

24/07/2026
Нетанјаху: Израел нема да прифати прекин на огнот, ова е време за војна
Вести

Трамп ќе го пречека Нетанијаху на средба во Вашингтон

24/07/2026
Ѓорѓиевски: Ќе го откриеме причинителот на белата пена во Вардар
Вести

Ѓорѓиевски: Ќе го откриеме причинителот на белата пена во Вардар

24/07/2026
Седници на три собраниски комисии
Вести

Со 67 гласа „за“ Собранието го изгласа новиот министер без ресор

24/07/2026
Унгарската влада планира големи заштеди преку кратење на политичките привилегии
Вести

Новата влада во Будимпешта ќе истражува можни злоупотреби со заемот за Македонија

24/07/2026
Следна вест
Голем удар за Јувентус – Влаховиќ заминува на долга пауза

Голем удар за Јувентус – Влаховиќ заминува на долга пауза

Најнови вести

Жена од Македонија приведена во Црна Гора поради смрт на куче

Жена од Македонија приведена во Црна Гора поради смрт на куче

24/07/2026
Македонските кошаркари до 18 години немоќни против Грузија

Македонските кошаркари до 18 години немоќни против Грузија

24/07/2026
Нетанјаху: Израел нема да прифати прекин на огнот, ова е време за војна

Трамп ќе го пречека Нетанијаху на средба во Вашингтон

24/07/2026
Ѓорѓиевски: Ќе го откриеме причинителот на белата пена во Вардар

Ѓорѓиевски: Ќе го откриеме причинителот на белата пена во Вардар

24/07/2026
Седници на три собраниски комисии

Со 67 гласа „за“ Собранието го изгласа новиот министер без ресор

24/07/2026
Унгарската влада планира големи заштеди преку кратење на политичките привилегии

Новата влада во Будимпешта ќе истражува можни злоупотреби со заемот за Македонија

24/07/2026
  • Импресум
Информации: +00 389 123 456 789

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.

Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.