• Импресум
Tuesday, June 16, 2026
METRO.mk
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
METRO.mk
Нема резултати
Погледни ги сите

АСОМ: Црн ден за демократијата, без гласање и без ниеден прифатен амандман насилно се носи законот за игри на среќа

13/01/2024
Време за читање: 1 минути
A A
АСОМ: Црн ден за демократијата, без гласање и без ниеден прифатен амандман насилно се носи законот за игри на среќа

Срамен, недемократски и насилнички е начинот на кој Комисијата за европски прашања без суштинска дебата и без гласање за клучниот амандман од кој зависи судбината на 10 илјади луѓе ја заклучи расправата по Законот за игри на среќа, велат од АСОМ.

„Претседателот на комисијата за европски прашања, Арбер Адеми вчера го погази Собранието и ги лиши од право пратениците да гласаат за амандман поднесен од пратеник на мнозинството. Ваков опасен преседан и злоупотреба не е запаметена, а АСОМ ќе поднесе претставка до Уставниот суд. Погазени и прекршени се сите права и процедури на Собранието. Ова е црн ден за демократијата и последна потврда за сценариото кое со месеци се подготвуваше со цел реализација на бизнис интереси на малкумина. Ваков насилнички државен интевенционизам, не е запаметен, а последиците од овој автократски акт ќе има страшни последици.

Во име на Европската унија, лулката на демократијата, со европско знаменце се носи закон кој има за цел да ги уништи лиценцираните приредувачи, додека Владата отвара три нови онлајн компании за игри на среќа. Целта е јасна, целосно преземање на игрите на среќа од страна на поединци преку закон скроен и донесен на најкриминлаен начин. На сите треба да им е јасно, овој закон е се освен подобрување на условите за играчите или заштита на младината“ велат од АСОМ.

Оттаму ги повикаа ЕУ, пратениците на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, како и претседателот на државата, да не го дозволат ова, како што го нарекуваат политичко насилие.

„Почитувани, претставници на Европската Унија во државата, зошто го дозволувате ова? Зошто замижувате пред вакво политички насилство? Ова е последен момент да се вклучите и да го спречите ова што се случува во име на ЕУ. Овој закон е неевропски, недемократски и ваков закон не постои во ниту една земја од Европската унија!

Почитувани пратеници на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, зошто дозволувате вакво недемократско насилие? Дали сте свесни за последиците? Со евентуално гласање на пленарна седница ќе одобрите уништување на животи на работници, отворање на игри во подруми на црно, богатење на малкумина. Во тешка заблуда сте ако сметате дека овој закон ќе донесе нешто добро, напротив ќе донесе влошување на состојбата со игрите на среќа и враќање барем 20 години на целата индустрија.

Претседателе Пендаровски, ви порачуваме дека не смеете да го потпишете овој закон доколку истиот се изгласа. Бидете барем вие заштитник на правдата и процедурите во оваа држава. Носењето на овој закон и се што му претходеше е целосно спротивно на сите правни и демократски процедури во една држава која претендира да се приклучи кон ЕУ. Застанете против ова политичко своеволие, поддржете ги оние кои чесно работат и придонесуваат во оваа држава“ наведуваат од АСОМ.

Порачуваат дека во следните денови ќе донесат одлуки како понатаму ќе се спротистават на носењето на законот.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ердоган тврди дека води на предизборните анкети
Вести

Ердоган го поздрави договорот САД – Иран: Чекор кон мир и стабилност

16/06/2026
Хамас со поддршка за договорот САД – Иран и повик за крај на конфликтот во Газа
Вести

Хамас со поддршка за договорот САД – Иран и повик за крај на конфликтот во Газа

16/06/2026
Ланд ровер“ удри пешак во Гевгелија
Вести

Жителите на „29 Ноември“ во Центар без вода до завршување на интервенцијата

16/06/2026
Половина Скопје утре без струја
Вести

ЕВН најави прекини: Делови од Кисела Вода, Илинден и Центар без електрична енергија

16/06/2026
Трамп: Сакам повторно да се кандидирам, но веројатно нема да го сторам тоа
Вести

По договорот со Иран, Трамп се насочува кон мир во Украина и Либан

16/06/2026
Голманот што ја запре Шпанија стана светска сензација преку ноќ
Вести

Голманот што ја запре Шпанија стана светска сензација преку ноќ

16/06/2026
Следна вест
Зошто ставаме паричка во пита за Василица?

Зошто ставаме паричка во пита за Василица?

Најнови вести

Ердоган тврди дека води на предизборните анкети

Ердоган го поздрави договорот САД – Иран: Чекор кон мир и стабилност

16/06/2026
Хамас со поддршка за договорот САД – Иран и повик за крај на конфликтот во Газа

Хамас со поддршка за договорот САД – Иран и повик за крај на конфликтот во Газа

16/06/2026
Ланд ровер“ удри пешак во Гевгелија

Жителите на „29 Ноември“ во Центар без вода до завршување на интервенцијата

16/06/2026
Половина Скопје утре без струја

ЕВН најави прекини: Делови од Кисела Вода, Илинден и Центар без електрична енергија

16/06/2026
Трамп: Сакам повторно да се кандидирам, но веројатно нема да го сторам тоа

По договорот со Иран, Трамп се насочува кон мир во Украина и Либан

16/06/2026
Голманот што ја запре Шпанија стана светска сензација преку ноќ

Голманот што ја запре Шпанија стана светска сензација преку ноќ

16/06/2026
  • Импресум
Информации: +00 389 123 456 789

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.

Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.