• Импресум
Sunday, July 26, 2026
METRO.mk
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
METRO.mk
Нема резултати
Погледни ги сите

Цело Скопје е затрупано со ѓубре, неизвесно е дали утре ќе возат автобусите на ЈСП

23/09/2025
Време за читање: 1 минути
A A
Цело Скопје е затрупано со ѓубре, неизвесно е дали утре ќе возат автобусите на ЈСП

Автобусите на ЈСП имаат нафта за до утре, барем така вели синдикатот. Откако вчера Град Скопје информираше дека фирмата која го снабдува претпријатието со гориво, ја прекинало испораката, а компанијата рече дека им должат над 10 милиони евра, се отвори прашањето дали и како ќе функционира јавниот превоз во главниот град.

Директорот на ЈСП, Драги Кушовски, од вчера не крева телефон и не им кажува на граѓаните од кои, впрочем, зема плата, дали ќе има со што да се превезат. Па, така ни останува сите информации да ги добиваме од сидникатите. Претседателот на Независниот синдикат на возачи, ни кажа дека вчера стигнале дваесетина тони нафта – количина што, според него, е доволна само за денеска. Ни тој не знае дали во базите ќе стигне нова тура гориво.

„Голем срам е ова што се прави. Ги оставаме луѓето, карта си плаќаат, децата без школо ги остававме, на клиника треба да одат, па веќе претерано е. До кога ова вака? И ние сами страдаме. Срам ми е мене да стојам тука и да им кажам дека денеска немаме возила. Зошто? Затоа што немаме нафта. Некој требало тоа да го среди однапред, а не да седиш само во фотелја и да гледаш филмови. Зошто сте поставени таму? За да го решите проблемот. Реши го проблемот. Е па, не можеме да го решиме пробемот. Па оди си дома“ – Африм Муча, претседател на Независниот синдикат на возачи на ЈСП

И додека граѓаните се во неизвесност за превозот, цело Скопје е затрупано во ѓубре. Сите контејнери се преполни, внатре повеќе не собира отпад, па наоколу се формирани мини депонии. Расфрлани се вреќи и ќеси со секаков вид ѓубре и по тротоарите и низ тревниците. Непријатна миризба се шири на десетици метри. Граѓаните стравуваат од зарази и глувци.

„Ова е жива болест, зараза. Не знам што е причината, недела дена секаде низ градот се преполни контејнерите. Недела дена не е собрано ѓубрето“

„Народот нема кај да фрламе ѓубре, се’ смрди, до контејнерите ѓубрето го оставаме, еве се гледа“

„Мизерија, не знам што да кажам. Две недели, три, сигурно не е собрано ѓубрето“

„Секаде има, каде што поминав контејнерите се полни, преполни“

„Мириса. Кој е тој што не му пречи? Сите сакаме да биде чисто, ама и до луѓето и до надлежните е“

Од Комунална хигиена немаат никакво известување до јавноста која е причината што не се собира ѓубрето. Градоначалничката Арсовска вчера на Фејсбук напиша дека Управниот и надзорниот одбор ги управуваат ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН и тие се одговорни за хигиената во градот.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Николоски: Можно е да се воведе градски воз во Скопје
Вести

Градскиот воз стартува на 1 септември, уверува Николоски

25/07/2026
Летниот хит на трпезите носи витамини, минерали и антиоксиданси
Вести

Лубеница или диња – што е подобар избор за шеќерот во крвта?

25/07/2026
Пожарот кај Јажинце е ставен под контрола, информираат од ЦУК
Вести

Најнова состојба со пожарите: Активни жаришта во Пробиштип, Куманово и Петровец

25/07/2026
Олимписки кругови поставени на Ајфеловата кула
Вести

Француските власти осуетија терористички напад врз синагога во Сарсел

25/07/2026
Екипите на терен во Карпош: Се отстрануваат последиците од невремето
Вести

Екипите на терен во Карпош: Се отстрануваат последиците од невремето

25/07/2026
Шоу со голови: Вардар 6:1, Струга ТЛ 6:0
Вести

Шампионот сигурен на стартот: Вардар со два гола до првите три бода против Брегалница

25/07/2026
Следна вест
Крвава групна пресметка меѓу соседи во Скопје, 25-годишно момче е рането со пиштол

Малолетник на електричен тротинет украл чанта од девојка додека седела во угостителски објект во Центар

Најнови вести

Николоски: Можно е да се воведе градски воз во Скопје

Градскиот воз стартува на 1 септември, уверува Николоски

25/07/2026
Летниот хит на трпезите носи витамини, минерали и антиоксиданси

Лубеница или диња – што е подобар избор за шеќерот во крвта?

25/07/2026
Пожарот кај Јажинце е ставен под контрола, информираат од ЦУК

Најнова состојба со пожарите: Активни жаришта во Пробиштип, Куманово и Петровец

25/07/2026
Олимписки кругови поставени на Ајфеловата кула

Француските власти осуетија терористички напад врз синагога во Сарсел

25/07/2026
Екипите на терен во Карпош: Се отстрануваат последиците од невремето

Екипите на терен во Карпош: Се отстрануваат последиците од невремето

25/07/2026
Шоу со голови: Вардар 6:1, Струга ТЛ 6:0

Шампионот сигурен на стартот: Вардар со два гола до првите три бода против Брегалница

25/07/2026
  • Импресум
Информации: +00 389 123 456 789

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.

Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.