• Импресум
Wednesday, May 27, 2026
METRO.mk
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
METRO.mk
Нема резултати
Погледни ги сите

„ЦЕЛТА ИМ Е ДА ГО ЗАТВОРАТ ТЕЦ ОСЛОМЕЈ“: ВМРО-ДПМНЕ обвинува за криминален договор во „ЕЛЕМ“

24/02/2024
Време за читање: 1 минути
A A
„ЦЕЛТА ИМ Е ДА ГО ЗАТВОРАТ ТЕЦ ОСЛОМЕЈ“: ВМРО-ДПМНЕ обвинува за криминален договор во „ЕЛЕМ“

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ обвини за криминален договор кој „Електрани на Македонија“ го склучила со свој бизнис-партнер, а кој може да доведе во затворање на термоелектраната „Осломеј“. Во соопштение до јавноста партијата вели:

„На 14 февруари 2024 година Електрани на Македонија, склучува криминален договор, од речиси 2 милиони евра, секако со омилениот бизнис партнер на власта, Борче Марковски, инаку почесен конзул на Белорусија во Република Македонија.

Овој тендер се однесува на специјализирани браварско-заварувачки работи, за дислокација на погонски станици од рудникот во Осломеј во рудникот во Битола. Истиот има само една понуда и проценетата вредност до денар одговара на понудената вредност.

Односно, 106 милиони и 200 илјади денари е проценета вредност, 106 милиони и 200 илјади денари е понудата и има само еден понудувач, а тоа е Марковски. Очигледно Марковски има супер моќи и од една милионска цифра, точно до денар ја погодиле сумата.

Истата компанија Марковски, од 2021 до денес, има добиено преку 163 милиони евра во тендери од „Електрани на Македонија“.

Целта на раководството на „Електрани на Македонија“ е да ја затвори оваа термоелектрана и на тој начин илјадници луѓе од Кичево и кичевско да ja изгубат сопствената работа.

Ова е чист грабеж на буџетот и граѓаните. Јавното обвинителство мора да реагира веднаш, а не да молчи при очигледен криминал.

За сите инволвирани во овој случај ќе има одговорност за неколку месеци, граѓаните да бидат сигурни, дека одговорноста и правдата нема да изостане.

Никогаш не било полошо! Важно е да ги поразиме!“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Земјотрес во Македонија
Вести

Земјотрес регистриран во близина на Петриња

27/05/2026
„Бристол“ и „Јадран“ одат на продажба
Вести

„Бристол“ и „Јадран“ одат на продажба

27/05/2026
Најмалку 84 загинати во денешните израелски напади во Газа, соопштија палестински лекари
Вести

Убиен новиот лидер на Хамас, тврди Изреал

27/05/2026
Артета прогласен за најдобар менаџер во Премиер лигата
Вести

Артета прогласен за најдобар менаџер во Премиер лигата

27/05/2026
Пресврт и победа: Македонија подобра од Ирска со 76–68
Вести

Шаи блескаше: Тандер го совлада Сан Антонио и стигна на победа до финале

27/05/2026
Денеска е Педесетница (Духовден) – Слегување на Светиот Дух и роденден на Црквата
Вести

МПЦ-ОА со промени во Синодот: Наум влегува во работниот состав

27/05/2026
Следна вест
ПУКНА ТИКВАТА: Тошковски не ИЗДРЖА и удри силно по Џафери – ова е недозволиво, очекувам извинување!

ПУКНА ТИКВАТА: Тошковски не ИЗДРЖА и удри силно по Џафери - ова е недозволиво, очекувам извинување!

Најнови вести

Земјотрес во Македонија

Земјотрес регистриран во близина на Петриња

27/05/2026
„Бристол“ и „Јадран“ одат на продажба

„Бристол“ и „Јадран“ одат на продажба

27/05/2026
Најмалку 84 загинати во денешните израелски напади во Газа, соопштија палестински лекари

Убиен новиот лидер на Хамас, тврди Изреал

27/05/2026
Артета прогласен за најдобар менаџер во Премиер лигата

Артета прогласен за најдобар менаџер во Премиер лигата

27/05/2026
Пресврт и победа: Македонија подобра од Ирска со 76–68

Шаи блескаше: Тандер го совлада Сан Антонио и стигна на победа до финале

27/05/2026
Денеска е Педесетница (Духовден) – Слегување на Светиот Дух и роденден на Црквата

МПЦ-ОА со промени во Синодот: Наум влегува во работниот состав

27/05/2026
  • Импресум
Информации: +00 389 123 456 789

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.

Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.