• Импресум
Friday, August 7, 2026
METRO.mk
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
METRO.mk
Нема резултати
Погледни ги сите

ЦИПРАС ЌЕ ГИ ДОНИРА ПАРИЧНИТЕ НАГРАДИ ЗА ДОГОВОРОТ ОД ПРЕСПА Шест универзитети ќе добијат по 6.000 евра за секоја катедра

01/10/2021
A A
ЦИПРАС ЌЕ ГИ ДОНИРА ПАРИЧНИТЕ НАГРАДИ ЗА ДОГОВОРОТ ОД ПРЕСПА Шест универзитети ќе добијат по 6.000 евра за секоја катедра

Паричните средства што лидерот на СИРИЗА Алексис Ципрас ги доби заедно со наградите за Договорот од Преспа ќе ги донира за академската заедница, поконкретно предлага да бидат наменети за доделување награда за најдобар дипломски труд, што би можела да биде насловена „Награда за мир и соработка на балканските народи“, јави дописничката на МИА од Атина.

Одлуката ја соопшти самиот Ципрас преку „Фејсбук“, објаснувајќи дека веќе испратил допис до катедрите за политички студии, политички науки, меѓународни и европски економски студии, балкански, словенски и ориентални студии, меѓународни и европски студии и политичка наука и историја на шест грчки Универзитети од Солун, Атина и Крит.

– Напорите за решавање на прашањето што со години ја измачуваше нашата надворешна политика донесоа плод со Договорот од Преспа склучен меѓу Република Грција и Република Северна Македонија во јуни 2018 година и одобрен од грчкиот парламент во јануари 2019 година. Признавањето на овој решителен чекор во нашата надворешна политика и новата динамика што Договорот ја создава на Балканот го привлече вниманието на неколку странски институции и институти, кои избраа да го персонифицираат ова признание оддавајќи им чест на премиерите на двете земји кои работеа за спроведување на Договорот. Од овие награди, и во делот што се однесува на мене, досега е собран износ и мојата намера е да го отстапам како донација за универзитетска настава и истражување – пишува Ципрас во писмото.

Лидерот на СИРИЗА, неговата намера ја поткрепува со ставот дека конкретните катедри „објективно придонесуваат во универзитетската настава и научното истражување на сложените политички и економски процеси што ги карактеризираат модерните општества“.

– Мојата желба би била да се даде износ од 6.000 евра за секоја катедра преку специјалната сметка на секој Универзитет за да се искористи за годишна награда за најдобар дипломски труд со индикативна награда од 1.000 евра годишно. Насловот на Наградата би можел да биде „Награда за мир и соработка на балканските народи – пишува Ципрас.

Тој додава дека секако, надлежноста за избор на најдобриот труд ја има самата катедра, а во однос на содржината, „би можело да се даде приоритет на теми што се фокусираат на мирот и добрососедството меѓу државите од нашиот регион, правата на општествените групи, на проучувањето на прекуграничните образовни или културни програми или енергетска безбедност и еколошка соработка на Балканот“.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВАР, два пенали и многу возбудувања за реми меѓу Шкендија Арачиново и Силекс
Вести

ВАР, два пенали и многу возбудувања за реми меѓу Шкендија Арачиново и Силекс

07/08/2026
ДИК ќе одлучува по приговорот од Европскиот фронт
Вести

Брвеница ќе избира нов градоначалник, ДИК ги почнува подготовките за изборниот процес

07/08/2026
Владата го усвои Планот за праведна транзиција за 2026 година
Вести

Божиновска: Домашните акумулации исполнети 70%, обезбедена стабилност на енергетскиот систем

07/08/2026
Проданоски учествува на Самитот на балканските градови во Загреб
Вести

Карпалак никогаш нема да биде заборавен, порача Проданоски

07/08/2026
Алкалоид Скопје (ALK), НЛБ Банка АД Скопје (TNB) и Македонски Телеком Скопје (TEL) со најголем промет, МБИ10 се намали за 0,19% на 9.959,02 поени
Вести

Македонската берза во благ пораст: МБИ10 порасна за 0,08 отсто, најтргувани акциите на Комерцијална банка

07/08/2026
Тоневски најавува нов пат кон Пониква за побрз пристап и развој на туризмот
Вести

Тоневски: Со план, проекти и конкретни инвестиции го развиваме секое населено место во Пробиштип

07/08/2026
Следна вест
СКОПСКИ МАРАТОН ВО НЕДЕЛА Погледајте, по кои улици ќе се одвива сообраќајот

СКОПСКИ МАРАТОН ВО НЕДЕЛА Погледајте, по кои улици ќе се одвива сообраќајот

Најнови вести

ВАР, два пенали и многу возбудувања за реми меѓу Шкендија Арачиново и Силекс

ВАР, два пенали и многу возбудувања за реми меѓу Шкендија Арачиново и Силекс

07/08/2026
ДИК ќе одлучува по приговорот од Европскиот фронт

Брвеница ќе избира нов градоначалник, ДИК ги почнува подготовките за изборниот процес

07/08/2026
Владата го усвои Планот за праведна транзиција за 2026 година

Божиновска: Домашните акумулации исполнети 70%, обезбедена стабилност на енергетскиот систем

07/08/2026
Проданоски учествува на Самитот на балканските градови во Загреб

Карпалак никогаш нема да биде заборавен, порача Проданоски

07/08/2026
Алкалоид Скопје (ALK), НЛБ Банка АД Скопје (TNB) и Македонски Телеком Скопје (TEL) со најголем промет, МБИ10 се намали за 0,19% на 9.959,02 поени

Македонската берза во благ пораст: МБИ10 порасна за 0,08 отсто, најтргувани акциите на Комерцијална банка

07/08/2026
Тоневски најавува нов пат кон Пониква за побрз пристап и развој на туризмот

Тоневски: Со план, проекти и конкретни инвестиции го развиваме секое населено место во Пробиштип

07/08/2026
  • Импресум
Информации: +00 389 123 456 789

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.

Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.