• Импресум
Tuesday, June 16, 2026
METRO.mk
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
METRO.mk
Нема резултати
Погледни ги сите

Дали Ковачевски е лидер и како тој го сфаќа националното единство?

07/06/2023
Време за читање: 1 минути
A A
Дали Ковачевски е лидер и како тој го сфаќа националното единство?

Македонија кризира, власта се фризира и празни прес-конференции организира. Ќе биде ли празна и за денеска бомбастично најавената лидерска средба?

Во најголем дел од европските држави средба меѓу лидерите на власта и опозицијата е нормален и редовен демократски настан. Тие се нужност и средство за се да оди напред со поголемо заедништво. Таму чести се и рефрендумите, каде што се бара мислењето – насоките од народот.

Во Македонија референдумите се ретки, а и кога ги има, власта не го почитува мислењето на народот, а лидерските средби се поистоветуваат со светско чудо! Денеска кај нас ќе се случи тоа светско чудо: Ковачевски и Мицкоски ќе седнат еден наспроти друг. Ќе разговараат ли или едниот ќе запне да го убедува другиот да се согласи за уставни измени без да понуди нови компромисни решенија и излези од ситуацијата која самиот ја предизвика, оти прифаќаше странски диктати при што не се осврна на мислењето на опзоцијата?

Колумнава ја пишувам неколку часа пред да се случи средбата, со опасност по мене, ова што ќе го пишувам денес, попладне да изгледа смешно и навистина да се случи светско чудо: за првпат во Македонија, власта да ја слушне и уважи опозицијата. Но, со искуството од досегашното однесување на СДСМ на неколкуте вакви претходни средби, свесно го преземам тој ризик – па ќе се обидам да го предвидам резултатот од лидерскиот состанок.

Средбата ќе трае час, најмногу час и половина. Потоа Ковачевски и Мицкоски ќе дадат изјави, со кои ќе се обидат да покажат дека другиот не бил расположен за разговор. Премиерот по навика ќе ја нападне опозицијата дека е антиевропска за разлика од него кој е голем европеец (а во тоа е убеден оти прифаќа се што ќе му каже Брисел). Едноставно, ќе се видат, ќе седнат заедно, ќе разменат монолози, ќе разговараат, ама нема да се слушнат. Конкретно, власта повторно ќе глуми супериорност, иако едвај има парламентарно мнозинство и иако огромниот дел од народот не го дели нивното мислење околу наметнатите уставни измени.

За да не биде така еве неколку препораки до Ковачевски:

Прво, треба барем еднаш да се однесува како што и доликува на функцијата што ја извршува. Да се однесува како претседател на СДСМ и премиер, а не на состанокот да доаѓа со ливче напишано од Ахмети и Груби за да знае што да каже. Тоа не е лидерство. Премиерот мора да преземе одговорност, да ислуша, да се повлече чекор-два од некој став, ако гледа дека нема широка народна прифатливост.

Второ, да ги ислуша внимателно барањата, размислувањата и решенија на опозицијата. Во тие решенија се вткаени мислења на многу, многу македонски граѓани. И тоа што е добро да го прифати. Не е срамота за Ковачевски ако прифати широк пакет, предложен од опозициската партија кој би можел да донесе решение. Напротив, ќе покаже лидерство, што народот го очекува од него.

Трето, ако не му се прифаќаат предлозите на опозицијата да се согласи за предвремени избори во октомври. Таман има време да се заврши процедурата со техничка влада и да се подготви изборното соочување. Тоа е спасот од ситуацијата која токму тој ја заплетка игнорирајќи ја опозицијата. А новата влада потоа со полн мандат да се зафати со решавање на сите проблеми што ги направи сегашната. Оти Македонија нема само проблем со уставните измени со кои е условен почетокот на преговорите со ЕУ. Многу други важни проблеми се надвиснати над македонските граѓани, за кои сегашната власт не покажува желба, знаење и подготвеност да ги решава. Потребна е нова власт, свежа крв и позитивна енергија.

СДСМ и Ковачевски треба да покажат и дека го разбираат зборот национално единство. Нивното сфаќање за национално единство е кога тие ќе одлучат нешто – другите без приговор да мора да се согласат. Ете таа матрица мора да се напушти. Оти шест години СДСМ владее на истиот начин: ќе замислат нешто да направат, најчество задолжување на државата и продавање на националната гордост и почнуваат на сила да го туркаат. При тоа ја обвинуваат опозицијата и јавноста што се против тоа, дека се непријатели на државата. Така беше со промената на името, така беше во времето на Ковид пандемијата, така беше и со договорите за автопатиштата, така е и сега со уставните измени. Е тоа не е национално единство, не е ниту демократија.

Само со обострано разбирање во интерес на развојот на државата и двете партии ќе покажат дека се за Македонија. Така прават и така разговараат вистинските лидери. А Ковачевски, всушност, лидер ли е?

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ждрепката не ги поштеди вардарци, Купс прв ривал во Европа
Вести

Ждрепката не ги поштеди вардарци, Купс прв ривал во Европа

16/06/2026
Средношколците од Скопје добиваат можност за нови знаења и незаборавни искуства во Охрид
Вести

Средношколците од Скопје добиваат можност за нови знаења и незаборавни искуства во Охрид

16/06/2026
Мицкоски: Граѓаните во Маврово-Ростуше го одбраа трудот и резултатите, СДСМ доживува нов неуспех
Вести

Мицкоски: Нова фабрика во ТИРЗ Тетово ќе вработи до 500 луѓе

16/06/2026
Ердоган тврди дека води на предизборните анкети
Вести

Ердоган го поздрави договорот САД – Иран: Чекор кон мир и стабилност

16/06/2026
Хамас со поддршка за договорот САД – Иран и повик за крај на конфликтот во Газа
Вести

Хамас со поддршка за договорот САД – Иран и повик за крај на конфликтот во Газа

16/06/2026
Ланд ровер“ удри пешак во Гевгелија
Вести

Жителите на „29 Ноември“ во Центар без вода до завршување на интервенцијата

16/06/2026
Следна вест
Папата Франциск мора да оди на итна операција

Папата Франциск мора да оди на итна операција

Најнови вести

Ждрепката не ги поштеди вардарци, Купс прв ривал во Европа

Ждрепката не ги поштеди вардарци, Купс прв ривал во Европа

16/06/2026
Средношколците од Скопје добиваат можност за нови знаења и незаборавни искуства во Охрид

Средношколците од Скопје добиваат можност за нови знаења и незаборавни искуства во Охрид

16/06/2026
Мицкоски: Граѓаните во Маврово-Ростуше го одбраа трудот и резултатите, СДСМ доживува нов неуспех

Мицкоски: Нова фабрика во ТИРЗ Тетово ќе вработи до 500 луѓе

16/06/2026
Јаневска: Октомври е, а учебници по сите предмети сѐ уште нема, Шаќири и Велева авторите на учебниците ги делат на партиски подобни и неподобни

Јаневска: Државната матура помина со многу помалку препишување од претходно

16/06/2026
Ердоган тврди дека води на предизборните анкети

Ердоган го поздрави договорот САД – Иран: Чекор кон мир и стабилност

16/06/2026
Хамас со поддршка за договорот САД – Иран и повик за крај на конфликтот во Газа

Хамас со поддршка за договорот САД – Иран и повик за крај на конфликтот во Газа

16/06/2026
  • Импресум
Информации: +00 389 123 456 789

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.

Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.