• Импресум
Sunday, July 26, 2026
METRO.mk
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
METRO.mk
Нема резултати
Погледни ги сите

Дали власта ќе прифати двојни избори на осми мај?

18/10/2023
Време за читање: 2 минути
A A
Дали власта ќе прифати двојни избори на осми мај?

Останува отворено прашањето дали претседателските и парламентарните избори ќе се одржат одвоено или парламентарните избори ќе бидат истовремено со вториот круг на претседателските избори. Владејачката СДСМ смета дека двата изборни циклуса треба да бидат одвоени, но отворена е за разговор околу термините, додека за опозициската ВМРО-ДПМНЕ прифатливо е истовремено одржување на изборите, а како можен термин го предлагаат 8 мај.  Од Собранието, пак, се уште нема информација кога би се одржала средба на работните групи кои би разговарале за изборните термини и останатите активности поврзани со изборите.

Потпретседателот на СДСМ и вицепремиер за европски прашања Фатмир Битиќи вчера во телевизиско гостување рече дека претседателските и парламентарните избори треба да бидат одвоени, но дека за доброто на земјата може да се разговара за термините.

Сите партии што се отворени, како што рече, може да се обединат или во заеднички листи или во заеднички дух за подобра, европска иднина на државата.

Elections will be held in the regular slot, the party and the coalition share the same position, SDSM vice-president and Deputy PM for Economic Affairs Fatmir Bytyqi said Tuesday. 

-Во минатото докажавме дека имаме широк коалициски капацитет и со различни партии. И последните парламентарни избори во 2020 година беа во таков дух. Сега го нарекуваме европски фронт. Сите партии што се отворени можат да се обединат или во заеднички листи или во заеднички дух за подобра, европска иднина на државата, истакна Битиќи.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вчера изјави дека за нив 8 мај е прифатлив како можен термин за одржување на парламентарните избори и на вториот круг од претседателските избори, потсетувајќи дека и во минатото имало таква пракса.

Идната влада на ВМРО-ДПМНЕ има намера се да биде дел од позитивната листа и ампулите кои ќе бидат аплицирани и отчитани преку „КАТО“ методата да бидат сочувани како материјален доказ дека вис

-Така беше на последните избори 15 јули 2020 година. Затоа велиме дека 8 мај е повторно можен термин кога би се случил вториот круг претседателски заедно со парламентарните. Би имало 72 часа за рокови за жалби, за одлуки и да се фати рокот од 12 мај да може новиот претседател да биде веќе инаугуриран, изјави Мицкоски, одговарајќи на новинарски прашања  при вчерашната посета на Гевгелија.

Повика на консензус од сите политички фактори за датумот и времето на одржување на изборите.

– Уставот е јасен, дека мандатот на актуелниот пратенички состав важи до изборот на нов, но не повеќе од четири години. Имајќи предвид дека 4 август 2020 година е формиран Парламентот и од тогаш почнува да важи мандатот на актуелниот пратенички состав, значи дека ние на 3 август мора да имаме нов пратенички состав, рече Мицкоски.

Според потпретседателот на ДУИ и актуелен министер за надворешни работи Бујар Османи, датумот за одржување на претседателските и парламентарните избори ќе биде производ на дијалогот меѓу политичките партии, на кој треба да се гледа во контекст на уставната реформа, а не од аспект на партиските интереси.

Прес-конференција на министерот за надворешни работи, Бујар Османи.

– ДУИ е најмалку загрижена во однос на термините како можност да се помогне позицијата на партијата бидејќи во кое било време нашата позиција е добра. Мислам дека тоа треба да го гледаме во контекст на уставната реформа отколку во контекст на тоа како политичките партии ќе имаат интерес за кој било датум,  рече Османи.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Русите се жалеа, Путин одговараше: како помина четири и полчасовниот настап
Вести

Неочекуван предлог на Токаев пред Путин за војната во Украина

26/07/2026
Од утре температурата ќе се намали за околу 10 степени
Вести

Летно време низ Македонија, сонце и температури до 35 степени

26/07/2026
Тајфунот Ноул ја погоди Кина, стотици илјади жители ги напуштија домовите
Вести

Тајфунот Ноул ја погоди Кина, стотици илјади жители ги напуштија домовите

26/07/2026
Пензионер загина патувајќи на протестот за повисоки пензии
Вести

Шеесет и едногодишник од Кичево тешко повреден во сообраќајна несреќа

26/07/2026
Николоски: Можно е да се воведе градски воз во Скопје
Вести

Градскиот воз стартува на 1 септември, уверува Николоски

25/07/2026
Летниот хит на трпезите носи витамини, минерали и антиоксиданси
Вести

Лубеница или диња – што е подобар избор за шеќерот во крвта?

25/07/2026
Следна вест
Дознајте сѐ за Хамас

Дознајте сѐ за Хамас

Најнови вести

Русите се жалеа, Путин одговараше: како помина четири и полчасовниот настап

Неочекуван предлог на Токаев пред Путин за војната во Украина

26/07/2026
Од утре температурата ќе се намали за околу 10 степени

Летно време низ Македонија, сонце и температури до 35 степени

26/07/2026
Тајфунот Ноул ја погоди Кина, стотици илјади жители ги напуштија домовите

Тајфунот Ноул ја погоди Кина, стотици илјади жители ги напуштија домовите

26/07/2026
Пензионер загина патувајќи на протестот за повисоки пензии

Шеесет и едногодишник од Кичево тешко повреден во сообраќајна несреќа

26/07/2026
Николоски: Можно е да се воведе градски воз во Скопје

Градскиот воз стартува на 1 септември, уверува Николоски

25/07/2026
Летниот хит на трпезите носи витамини, минерали и антиоксиданси

Лубеница или диња – што е подобар избор за шеќерот во крвта?

25/07/2026
  • Импресум
Информации: +00 389 123 456 789

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.

Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.