Машката ракометна репрезентација на Македонија со убедлив пораз од Данска го отвори настапот на Европското првенство што се одржува во Данска, Шведска и Норвешка – осмо континентално првенство по ред за нашата селекција.
Пред околу 15.000 гледачи во Хернинг, македонските ракометари беа поразени со 24:36 (12:17), епилог што не претставува изненадување со оглед на квалитетот и статусот на противникот.
Домаќинот и еден од главните фаворити за титулата уште во раната фаза од натпреварот создаде солидна резултатска предност, која се покажа како клучна за понатамошниот тек. Сепак, Македонија успеа да го задржи резултатскиот приклучок, па Данците дури од средината на второто полувреме стигнаа до двоцифрена разлика.
И покрај високиот пораз, македонската репрезентација остави солиден впечаток и се обиде рамноправно да се надигрува со актуелниот олимписки и светски шампион и европски вицепрвак.
Следниот предизвик за Македонија е дуелот со Португалија на 18 јануари, а два дена подоцна следи натпреварот против Романија.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:












