• Импресум
Friday, July 17, 2026
METRO.mk
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
METRO.mk
Нема резултати
Погледни ги сите

Директорот мислел дека ќе добие награда од 50 000 евра – па ставил потпис

07/11/2025
A A
Пристигна убава вест од власта за овие граѓани – проверете ги сметките, започна исплата на средства

Вчера во попладневните часови под раководство на јавен обвинител од ОЈО ГОКК, истражителите од Истражниот центар на ОЈО ГОКК и полициски службеници од ОСОСК реализираа акција во која беа лишени од слобода пет лица.

Поради постоење на основано сомнение дека првосомничениот сторил продолжено кривично дело Давање поткуп и кривично дело Давање награда за противзаконито влијание, додека три лица како посредници сториле кривично дело Примање награда за противзаконито влијание, а едно лице сторило продолжено кривично дело Примање поткуп, јавниот обвинител донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против сите осомничени.

Првоосомничениот – управител на правно лице, од крајот на февруари годинава до вчера, искористувајќи ист траен однос и исти прилики, во повеќе наврати, директно и преку посредници му ветил подарок – парични средства од значителна вредност на директорот на Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и рурален развој на РСМ. Останатите тројца осомничени од кои еден даночен референт во УЈП РД Скопје и еден државен службеник вработен во Министерство за земјоделство шумарство и водостопанство, искористувајки го своето реално влијание и службената положба побарале и го потикнаале директорот на агенцијата да изврши службено дејствие што не смеел да го изврши.

Имено, иако правното лице на првоосомничениот не ги исполнувало условите предвидени во Јавниот повик бр.01/24 за доставување на барања за користење на средства од ИПАРД Програмата за мерка 3, директорот по применото ветување за подарок од значителна вредност во износ од 50 000 евра, во текот на вчерашниот ден потпишал договор за користење на финансиски средства со правното лице и притоа примил дел од паричните средства во износ од 400 евра кои при претрес се пронајдени и одземени.

Ценејќи дека се исполнети условите за определување на мерка притвор, јавниот обвинител му предложи на судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје истата со Решение да ја определи за сите осомничени.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Половина Скопје утре без струја
Вести

Делови од Скопје денеска ќе останат без струја

17/07/2026
Неуспешен старт: Спејс Икс го одложи новото лансирање на Старшип
Вести

Неуспешен старт: Спејс Икс го одложи новото лансирање на Старшип

17/07/2026
Сончево со умерена облачност, температурата над 30 степени
Вести

Летните температури продолжуваат, попладне локална нестабилност

17/07/2026
Трамп: Сакам повторно да се кандидирам, но веројатно нема да го сторам тоа
Вести

Нови американски правила: Студентските визи ќе важат најмногу четири години

17/07/2026
Осудени лица ангажирани во акција за почисти патишта низ државата
Вести

Осудени лица ангажирани во акција за почисти патишта низ државата

16/07/2026
ФБИ заплени повеќе од 700 дронови за време на Светското првенство
Вести

ФБИ заплени повеќе од 700 дронови за време на Светското првенство

16/07/2026
Следна вест
Две скопјанки искасани од кучиња скитници8

Обвинение за лицата кои организираа борби за кучиња во битолско Црнеец

Најнови вести

Половина Скопје утре без струја

Делови од Скопје денеска ќе останат без струја

17/07/2026
Неуспешен старт: Спејс Икс го одложи новото лансирање на Старшип

Неуспешен старт: Спејс Икс го одложи новото лансирање на Старшип

17/07/2026
Сончево со умерена облачност, температурата над 30 степени

Летните температури продолжуваат, попладне локална нестабилност

17/07/2026
Трамп: Сакам повторно да се кандидирам, но веројатно нема да го сторам тоа

Нови американски правила: Студентските визи ќе важат најмногу четири години

17/07/2026
Осудени лица ангажирани во акција за почисти патишта низ државата

Осудени лица ангажирани во акција за почисти патишта низ државата

16/07/2026
ФБИ заплени повеќе од 700 дронови за време на Светското првенство

ФБИ заплени повеќе од 700 дронови за време на Светското првенство

16/07/2026
  • Импресум
Информации: +00 389 123 456 789

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.

Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.