• Импресум
Sunday, July 26, 2026
METRO.mk
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
METRO.mk
Нема резултати
Погледни ги сите

ЕКСКЛУЗИВНО ОД БРИСЕЛ: „Лидер“ објавува делови од извештајот на ЕК – најцрн во историјата!

07/11/2023
Време за читање: 2 минути
A A
ЕКСКЛУЗИВНО ОД БРИСЕЛ: „Лидер“ објавува делови од извештајот на ЕК – најцрн во историјата!

Македонија го доби најцрниот извештај за напредокот од Европската Комисија! Радио Лидер ексклузивно објавува делови од извештајот, кој го доби од свои извори во Брисел. Истиот ќе биде објавен утре, но редакцијата на Лидер уште од пред неколку дена има пристап до финалната верзија на извештајот.

Скоро и да не постои објаст во која според извештајот на ЕК не е детектирана стагнација или уназадување, а прогрес е детектиран во многу малку сегменти. Ваквиот извештај на ЕК, претставува вистински потрес за власта, која секојдневно не убедува дека работи на некаква европска агенда.

Злооупотребата на „европското знаменце“, корупцијата на власта, организираниот криминал и немањето на реформи во правосудниот систем – се загрижувачките елементи кои се провлекуваат во најголемиот дел од извештајот на Европската комисија за напредокот на Македонија.

Уште на првиоте страници од извештајот, власта доби шлаканици за несоодветното користење на европското знаменце.

-Недоволното планирање е проблем, и поради тоа има претерана злоупотреба на брзите постапки (н.з. за гласање на закони во собранието), вклучувајчи и неадекватна употреба на „Европското знаменце“. – стои во извештајот на ЕК за Македонија.

Во извештајот, од Европската Комисија на нашата влада експлицитно и укажуваат како треба да го користи „Европското знаменце“.

-„Европското знаменце“ треба да се користи кога се гласаат закони кои за главна цел имаат усогласување со европската регулатива, а не за да се заобиколи јавната дебата за важни прашања. – стои во извештајот.

Не поминавме ништо подобро ни за корупцијата, констатирано е дека корупцијата, особено онаа на високите функционери останува еден од најголемите предизвици.

– Не беше постигнат никаков напредок во борбата против корупцијата. Корупцијата останува распространета во многу области и е загрижувачко прашање. Се зголемија одложувањата и превртувањата на судењата на случаите на корупција на високо ниво, што резултираше со истекување на рокот на застареност на некои случаи. Кривичниот законик е изменет по брза собраниска постапка. Максималните законски казни за конкретни кривични дела поврзани со корупција беа намалени, што имаше импликации врз примената на застареноста и влијаеше на голем број тековни случаи на корупција на високо ниво. Ова ја попречува способноста на властите да истражуваат и гонат таквите прекршоци во иднина. Ова е прашање на сериозна загриженост. – стои во извештајот на Европската Комисија, кој ексклузивно го пренесува Радио Лидер.

Во негативниот извештај на ЕК кој се однесува на судството, нотирано е и како што велат од комисијата „контроверзното разрешување на претседателјката на Судскиот Совет, која создава загриженост за политичко мешање“. 

Детектирани се и бројни политички мешања и скандалозни одлуки на судовите.

 -Генерално, нема напредок во зајакнувањето на судската независност и подобрување на правната рамка за заштита на основните права. – стои во извештајот на Европската Унија.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Николоски: Можно е да се воведе градски воз во Скопје
Вести

Градскиот воз стартува на 1 септември, уверува Николоски

25/07/2026
Летниот хит на трпезите носи витамини, минерали и антиоксиданси
Вести

Лубеница или диња – што е подобар избор за шеќерот во крвта?

25/07/2026
Пожарот кај Јажинце е ставен под контрола, информираат од ЦУК
Вести

Најнова состојба со пожарите: Активни жаришта во Пробиштип, Куманово и Петровец

25/07/2026
Олимписки кругови поставени на Ајфеловата кула
Вести

Француските власти осуетија терористички напад врз синагога во Сарсел

25/07/2026
Екипите на терен во Карпош: Се отстрануваат последиците од невремето
Вести

Екипите на терен во Карпош: Се отстрануваат последиците од невремето

25/07/2026
Шоу со голови: Вардар 6:1, Струга ТЛ 6:0
Вести

Шампионот сигурен на стартот: Вардар со два гола до првите три бода против Брегалница

25/07/2026
Следна вест
Џони Деп не бил прв избор за Џек Спероу, Џим Кери пред него ја одбил улогата

Џони Деп не бил прв избор за Џек Спероу, Џим Кери пред него ја одбил улогата

Најнови вести

Николоски: Можно е да се воведе градски воз во Скопје

Градскиот воз стартува на 1 септември, уверува Николоски

25/07/2026
Летниот хит на трпезите носи витамини, минерали и антиоксиданси

Лубеница или диња – што е подобар избор за шеќерот во крвта?

25/07/2026
Пожарот кај Јажинце е ставен под контрола, информираат од ЦУК

Најнова состојба со пожарите: Активни жаришта во Пробиштип, Куманово и Петровец

25/07/2026
Олимписки кругови поставени на Ајфеловата кула

Француските власти осуетија терористички напад врз синагога во Сарсел

25/07/2026
Екипите на терен во Карпош: Се отстрануваат последиците од невремето

Екипите на терен во Карпош: Се отстрануваат последиците од невремето

25/07/2026
Шоу со голови: Вардар 6:1, Струга ТЛ 6:0

Шампионот сигурен на стартот: Вардар со два гола до првите три бода против Брегалница

25/07/2026
  • Импресум
Информации: +00 389 123 456 789

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.

Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.