• Импресум
Thursday, July 16, 2026
METRO.mk
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
METRO.mk
Нема резултати
Погледни ги сите

Емотивниот Каземиро: Не ги исполнивме очекувањата на 210 милиони луѓе

06/07/2026
A A
Емотивниот Каземиро: Не ги исполнивме очекувањата на 210 милиони луѓе

Играчот за врска на Бразил, Каземиро, не го криеше разочарувањето по елиминацијата на репрезентацијата од Светското првенство по поразот од Норвешка.

Искусниот фудбалер изјави дека целата репрезентација е длабоко разочарана бидејќи не успеала да ја исполни целта и да им донесе радост на милионите бразилски навивачи.

„Сите Бразилци се разочарани затоа што повторно испаднавме. Тажни сме бидејќи дадовме сè од себе за да ја оствариме нашата цел. Верувам дека во текот на целиот натпревар бевме подобар тим од Норвешка, но таков е фудбалот“, изјави Каземиро.

Тој не можеше да ги задржи солзите за време на интервјуто и призна дека репрезентацијата не ги оправдала огромните очекувања.

„Не се одвиваше онака како што посакувавме. Имаме квалитет да стигнеме многу подалеку, но не ги оправдавме очекувањата на повеќе од 210 милиони Бразилци“, рече тој.

Каземиро истакна дека освојувањето на светската титула е сон на секое бразилско дете и дека се чувствува привилегиран што трипати имал можност да настапи на Светско првенство.

„Тешко е да се најдат вистинските зборови. Сон на секое бразилско дете е да го освои Светското првенство. Јас имав три шанси да го доживеам тоа и се чувствувам привилегиран. Горд сум на сè што постигнавме јас и моите соиграчи. Работевме напорно и дадовме максимум. Свесни сме дека разочаравме повеќе од 210 милиони луѓе, но животот продолжува. Во вакви моменти единствено сакам да бидам со моето семејство“, изјави Каземиро.

И покрај болната елиминација, тој порача дека и понатаму со голема чест и гордост ќе го носи дресот на бразилската репрезентација.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Аргентина со нов пресврт ја елиминира Англија и оди во финале
Вести

Аргентина со нов пресврт ја елиминира Англија и оди во финале

15/07/2026
Македонија има неефикасно и неефективно управување со ризиците од пожарите, смета ДЗР
Вести

Надлежните со нов биланс: Два активни пожари и еден под контрола

15/07/2026
УЕФА подготвува противкандидат против Инфантино?
Вести

УЕФА подготвува противкандидат против Инфантино?

15/07/2026
Трагедија на Халкидики: Почина и таткото, три жртви од исто семејство
Вести

Трагедија на Халкидики: Почина и таткото, три жртви од исто семејство

15/07/2026
Нема активни пожари во Македонија
Вести

Густ чад го прекри Охрид, пожар гори кај „Бараки“

15/07/2026
Драма на Треска, спасени три момчиња по зголемен испуст од браната
Вести

Драма на Треска, спасени три момчиња по зголемен испуст од браната

15/07/2026
Следна вест
Најмалку 11 загинати а 3.500 беа повредени за време на иранскиот традиционален огнен фестивал

Пожарите низ Македонија под контрола, активни остануваат два

Најнови вести

Аргентина со нов пресврт ја елиминира Англија и оди во финале

Аргентина со нов пресврт ја елиминира Англија и оди во финале

15/07/2026
Македонија има неефикасно и неефективно управување со ризиците од пожарите, смета ДЗР

Надлежните со нов биланс: Два активни пожари и еден под контрола

15/07/2026
УЕФА подготвува противкандидат против Инфантино?

УЕФА подготвува противкандидат против Инфантино?

15/07/2026
Трагедија на Халкидики: Почина и таткото, три жртви од исто семејство

Трагедија на Халкидики: Почина и таткото, три жртви од исто семејство

15/07/2026
Нема активни пожари во Македонија

Густ чад го прекри Охрид, пожар гори кај „Бараки“

15/07/2026
Драма на Треска, спасени три момчиња по зголемен испуст од браната

Драма на Треска, спасени три момчиња по зголемен испуст од браната

15/07/2026
  • Импресум
Информации: +00 389 123 456 789

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.

Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.