Вкупно 14 пожари на отворен простор се регистрирани низ државата до 20 часот, од кои два сè уште се активни, соопшти Центарот за управување со кризи.
Едниот активен пожар е во близина на стадионот во Кичево, каде што горат стрниште и сува трева, додека вториот е на подрачјето на Битола, кај тунелот на обиколницата.
Во меѓувреме, изгаснати се 12 пожари на територијата на општините Дебар, Дебарца, Демир Капија, Ѓорче Петров, Новаци, Прилеп, Пробиштип, Свети Николе, Кочани и Куманово, како и два пожари во Општина Центар – на булеварот „Македонија“ и на улицата „Тодор Александров“.
Претходно беше соопштено дека пожарот во демиркапиското село Прждево зафатил три постари куќи, при што била спасена една повозрасна жена.
Надлежните служби и понатаму ја следат состојбата на терен и работат на целосна локализација на преостанатите активни пожари.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:












