Повеќе скопски општини денеска ќе се соочат со прекини во снабдувањето со електрична енергија поради планирани зафати во електродистрибутивната мрежа, информираат од ЕВН Македонија. Прекините се дел од редовни активности и санации и се очекува да завршат во текот на денот.
Без струја од 8 до 14 часот ќе биде дел од селото Ќојлија во општина Петровец. Во општина Студеничани, од 8:30 до 9:30 часот, прекин ќе имаат корисниците од селата Драчевица и Цветово.
Во општина Сопиште, од 8:55 до 9:55 часот, без електрична енергија ќе останат жителите на Горно Соње, Долно Соње, Чифлик и Света Петка. Од 9 до 14 часот прекин е најавен и за дел од улицата „Веле Марков“ во општина Ѓорче Петров.
Дополнително, од 12:30 до 14:30 часот, струја ќе немаат и корисниците на делови од улиците „Димо Хаџидимов“ и „Христо Татарчев“ во општина Кисела Вода.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:












