Годината привршува, сега се сумираат резултатите од сработеното. Што во 2025 година сработи македонскиот парламент, ги исполнија ли пратениците најважните обврски?
Одржаа над 50 собраниски седници. Изгласаа речиси 220 закони, од кои повеќето по скратена постапка, а треба да е обратно. Да, важно е да се носат реформски закони, но важно е и Собранието да не се претвори во фабрика за штанцање закони без посеопфатна дебата.
Низ годинава повеќето пратеници зборуваа многу, а малку слушаа што зборуваат политичките противници. Често отсуствуваше демократскиот дух и взаемната почит, народните избраници беа вкопани во партиските ровови. Затоа, собранието неретко не успеа да реши тензии и проблеми во македонското општество.
Парламентот е најбитната институција во државата. Парламентарците имаат на располагање низа алатки кои може да ги користат за контрола и давање смерници на целокупната државна администрација од Владата па надолу, но алатките ретко беа користени или ако имаше обид за тоа – беа пригушувани.
Овие, но и неколку други аномалии Собранието мора да ги поправи во 2026 година. Оставува отворено прашањето – дали за тековната година парламентот може да добие преодна оценка, и дали сработеното е доволно ако се знае дека пратениците добиваат огромни плати?
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:












