• Импресум
Tuesday, June 16, 2026
METRO.mk
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
METRO.mk
Нема резултати
Погледни ги сите

Глигоров: Не 300, 500 евра може да биде минимална плата во приватен сектор – објасни на кој начин

06/02/2022
Време за читање: 3 минути
A A
Глигоров: Не 300, 500 евра може да биде минимална плата во приватен сектор – објасни на кој начин

Сопственикот на компанијата „Логин системи“, која успешно функционира од 1991 година и поранешен претседател на Сојузот на стопански комори на Македонија, Венко Глигоров, вели дека минимална плата во приватниот сектор може да биде и 500 евра, доколку се исполнат неколку предуслови.

„500 ЕВРА МИНИМАЛНА ПЛАТА ВО ПРИВАТЕН СЕКТОР Е ЗАЕДНИЧКИ ОСТВАРЛИВА РАБОТА“

-За да биде платата достоинствена и да може да се покријат месечните трошоци на живеење, минамалната плата треба да биде најмалку 500 евра. Зошто? Речиси сите производи од кои зависи живеачката се диктирани од странство каде платите се многу поголеми.

Дали минимална плата од 500 евра е можно? Секако дека е ДА, ако сите инволвирани страни се согласат да „одвојат“ дел од себе.

За да биде моделот поразбирлив и со заокружени цифри, ќе земам дека минималната плата е 500 евра, а досегашната минимална плата е 200 евра (впрочем минималната плата беше ионака 200 евра пред да се почне со политичко билдање на платата).

Значи, работодавачите да го одврзат ќесето за 100 евра, а државата и синдикатите да го одврзат за – 200 евра. Резултат: 200 + 100 + 200 = 500, така? Како?

ОБВРСКИ НА ДРЖАВАТА И ПОЛИТИЧАРИТЕ

Обврските на државата и политичарите ги сведувам на три главни кои може да се искомбинираат за да се добијат прифатливи работи за државата:

Солидаризирање на давачките до 500 евра. За да може бизнисите да издвојат екстра пари за вработените, државата треба да се „солидаризира“ и да каже: од 500 евра плата, давачки и придонеси ќе бидат пресметувани на само 200 евра, а за рестото до 500 евра (што е „вештачко“ покачување), да нема никакви давачки.

Или, до 300 евра нула давачки, од 300 евра до 500 евра да бидат давачките преполовени, а од 500 евра нагоре – да бидат давачките целосни. Ова да важи за сите вработени во приватниот сектор, независно од нивната сегашна висина на платите.

Kopупцијата во буџетот да се сведе на половина. Да земеме во предвид износот од 1милијарда евра кои се „однесени“ од корупцијата секоја година, тоа го тврдеше СДС пред да дојде на власт, како и фактот дека се подигна буџетот за 1 милијарда без да има нешто видливо во однос на инвестиции и/или подобрена услуга на државата.

Овие 1 милјарда евра ако се сведат на половина се 500.000.000 евра и поделат на 400.000 вработени = цирка 1200 евра „заштеда“ за приватниот сектор. Државата може комотно да „донира“ 100 евра месечно за секоја покачена плата од 200 на 500.

Замрзнување на платите во администрацијата и нови вработувања преку агенции и со договори на дело

Мерките за зголемување на платите во приватниот сектор не смеат да се однесуваат на платите во државниот сектор линеарно, туку да се корегира нивната структура, при што фондот за плати не смее да го надминува сегашниот фонд.

Што би се рекло, да се покачат платите во здравството, школството, а да се намалат кај стотици агенции кои ионака на знаат што работат.

Воедно владата да се обврзе дека ќе започне три годишен проект на скалесто отпуштање и преквалифукување на вработените од државната администрација за да се дојде до некоја цифра од минус 30% намалена администрација.

ШТО БИ „ДАЛ“ СИНДИКАТОТ

Синдикатите се организации кои ми се чини го „дерат“ обичниот вработен. Што добива работникот од кој му се одвојува членарина за синдикат? Се слуша дека синдикатите се превработени, располагаат со имоти и удобства, а за возврат само нешто бараат, а скоро ништо не даваат.

За да може да се спроведе целта од 500 евра, која патем синдикатите сакаат да ја постигнат со уцени, истите може да се согласат на:

Преку 50% од членарината, наместо за плати на нивната администрација, да се употреби за фондови за едукација и преквалификација на вработените од непросперитетните индустрии и гранки.

Државата да им го ограничи и нормира бројот на нивните вработени. На пример, на секои 50.000 членови, да имаат максимално 5 вработени во синдикат. Точните бројки може да се утврдат откако ќе се направи „длабинско снимање“ на нивната структура на вработени

КОГА СЕКОЈ СПОДЕЛУВА, УСПЕХОТ Е ЗАГАРАНТИРАН

Моменталната ситуација е губитничка за приватниот сектор, и целиот товар паѓа на приватниот сектор. Отприлика, синдикатот и државата ги стиснуваат и уценуваат работодавачите за да им се зголеми платата на вработените.

Без притоа другите да понудат поволности или нивни откажувања од нешто. Тоа не се здрави преговори затоа што: Две „силни“ страни бараат од трета страна да се согласни на сопствена штета. Оваа ситуација не е добра ни за самите вработени.

Моделот што го откривам погоре и бара доразработка/допрецизирување, е поуспешен и подобар за сите затоа што сите се откажуваат или нудат нешто – за општо добро на сите.

Познато е дека е тешко изводливо, кај се видело политичар или синдикалец да се „откаже“ од нешто, но не е и неизводливо затоа што ако не се направи – ќе биде уште потешко за сите нас.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Египет испушти победа, Белгија се спаси од пораз
Вести

Египет испушти победа, Белгија се спаси од пораз

15/06/2026
Приведен 44-годишен скопјанец по пожарот на дипломатски возила
Вести

Приведен 44-годишен скопјанец по пожарот на дипломатски возила

15/06/2026
Едно лице загина, а 30 се повредени во сообраќајна несреќа во Србија
Вести

Во Тетово мајка го удирала тримесечното бебе од асфалт, очевидци и го одзеле и пријавиле во полиција

15/06/2026
Историски резултат: Зеленортските острови непоразени против фаворитот Шпанија
Вести

Историски резултат: Зеленортските острови непоразени против фаворитот Шпанија

15/06/2026
Учениците од Карпош добија 10.000 денари и седумдневно летување во Грција
Вести

Учениците од Карпош добија 10.000 денари и седумдневно летување во Грција

15/06/2026
Муцунски разговараше со бугарската министерка по инцидентот во Скопје
Вести

Муцунски разговараше со бугарската министерка по инцидентот во Скопје

15/06/2026
Следна вест
ССМ: Или минималец од 18.000 или следат штрајкови и блокади

ССМ: Или минималец од 18.000 или следат штрајкови и блокади

Најнови вести

Египет испушти победа, Белгија се спаси од пораз

Египет испушти победа, Белгија се спаси од пораз

15/06/2026
Приведен 44-годишен скопјанец по пожарот на дипломатски возила

Приведен 44-годишен скопјанец по пожарот на дипломатски возила

15/06/2026
Едно лице загина, а 30 се повредени во сообраќајна несреќа во Србија

Во Тетово мајка го удирала тримесечното бебе од асфалт, очевидци и го одзеле и пријавиле во полиција

15/06/2026
Историски резултат: Зеленортските острови непоразени против фаворитот Шпанија

Историски резултат: Зеленортските острови непоразени против фаворитот Шпанија

15/06/2026
Учениците од Карпош добија 10.000 денари и седумдневно летување во Грција

Учениците од Карпош добија 10.000 денари и седумдневно летување во Грција

15/06/2026
Муцунски разговараше со бугарската министерка по инцидентот во Скопје

Муцунски разговараше со бугарската министерка по инцидентот во Скопје

15/06/2026
  • Импресум
Информации: +00 389 123 456 789

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.

Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.