• Импресум
Monday, July 27, 2026
METRO.mk
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
METRO.mk
Нема резултати
Погледни ги сите

ГРЦИЈА ВОВЕДУВА „ПОСНА КОШНИЧКА“ Производи по пристапни цени за велигденските пости

05/03/2024
A A
ГРЦИЈА ВОВЕДУВА „ПОСНА КОШНИЧКА“ Производи по пристапни цени за велигденските пости

Министерството за развој на Грција од следната седмица во супермаркетите воведува „Посна кошничка“ со производи по прифатливи цени за потрошувачите во пресрет на велигденските пости, јави дописничката на МИА од Атина.

„Посната кошничка“ претставува проширување и дополнување на „Кошничката за домаќинствата“, со основните продукти, чии цени треба да останат исти или да има минимални покачувања, мерка што речиси 18 месеци се спроведува во маркетите во Грција.

Од среда, се додаваат три нови категории на производи неопходни за посната трпеза – алва, посни салати и најмалку два вида замрзнати морски продукти.

Министерската одлука за „Посната кошничка“ што ќе важи до 4 мај, денеска ја потпиша министерот за развој на Грција Костас Скрекас, кој рече дека сакаат „секој дом да има пристап до квалитетни производи по најниски можни цени“.

Пракса на грчката Влада е „Кошничката за домаќинствата“ во одредени периоди од годината да се дополнува со сезонски продукти, како што беше случај за Божиќ, кога беа воведени производи поврзани со божиќната трпеза.

„Кошничката за домаќинствата“ во грчките супермаркети беше воведена во ноември 2022 година, а содржи над 50 производи, меѓу кои ориз, леб, двопек, брашно, макарони, свинско и пилешко месо, риба, млеко и млечни производи, јогурт, јајца, различни видови сирење и кашкавал, зејтин, шеќер, кафе, какао, сокови, бебешка храна, средства за чистење, детергенти, тоалетна хартија, паста за заби, производи за лична хигиена, влошки, сапун, антисептик, пелени, храна за кучиња и мачки итн.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Регистрирани шест случаи на западнонилска треска во Србија
Вести

Македонија со осум случаи на западнонилска треска, сите пациенти со тешка форма

27/07/2026
На Табановце и Богородица се чека околу 30 минути
Вести

Колони кон Грција: Ограничен проток на возила поради протест на цариниците

27/07/2026
(ВИДЕО) Прва скопска ТВ: Водата во Скопје безбедна за пиење
Вести

27/07/2026
Пожарот во нуклеарната централа е изгаснат, без жртви и неколку повредени
Вести

Ноќни напади со дронови во Русија: Пожари, урнати куќи и жртви

27/07/2026
Анчелоти: Заслуживме победа, но ќе се вратиме посилни
Вести

Арсенал сака да го украде Винисиус од Реал Мадрид

27/07/2026
Седници на три собраниски комисии
Вести

Ребалансот на Буџетот пред пратениците: Повеќе пари за капитални инвестиции

27/07/2026
Следна вест
Универзална сала полни 60 години

Универзална сала полни 60 години

Најнови вести

Регистрирани шест случаи на западнонилска треска во Србија

Македонија со осум случаи на западнонилска треска, сите пациенти со тешка форма

27/07/2026
На Табановце и Богородица се чека околу 30 минути

Колони кон Грција: Ограничен проток на возила поради протест на цариниците

27/07/2026
(ВИДЕО) Прва скопска ТВ: Водата во Скопје безбедна за пиење

27/07/2026
Пожарот во нуклеарната централа е изгаснат, без жртви и неколку повредени

Ноќни напади со дронови во Русија: Пожари, урнати куќи и жртви

27/07/2026
Анчелоти: Заслуживме победа, но ќе се вратиме посилни

Арсенал сака да го украде Винисиус од Реал Мадрид

27/07/2026
Седници на три собраниски комисии

Ребалансот на Буџетот пред пратениците: Повеќе пари за капитални инвестиции

27/07/2026
  • Импресум
Информации: +00 389 123 456 789

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.

Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.