Обвинителството во Шведска поднесе обвинение против 62-годишен маж за сериозни кривични дела, меѓу кои отежнато подведување, насилство и повеќекратни силувања.
Според наводите, тој подолг период ја експлоатирал својата сопруга, остварувајќи финансиска корист преку организирање и посредување во сексуални услуги. Обвинението опфаќа и креирање онлајн огласи, закажување средби и контрола врз жртвата преку закани и притисоци.
Обвинителството наведува дека делата се случувале во период од 2022 до 2025 година, при што се идентификувани над 100 лица кои се сомничат дека користеле такви услуги. Осомничениот, кој ги негира обвиненијата, се товари и за повеќе случаи на силување, обиди за силување и физички напади.
Според медиумите, станува збор за лице кое претходно било поврзувано со Hells Angels. Судењето е најавено да започне во април.
Случајот предизвика силни реакции во јавноста, а дел од медиумите прават паралели со познатиот случај на Жизел Пелико во Франција, кој привлече големо меѓународно внимание и отвори дебата за заштитата на жртвите и борбата против сексуалното насилство.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:












