• Импресум
Saturday, August 8, 2026
METRO.mk
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
METRO.mk
Нема резултати
Погледни ги сите

Има ли јунак во СДСМ кој ќе каже СТОП на самоволието на Џафери?

15/09/2022
Време за читање: 1 минути
A A
Има ли јунак во СДСМ кој ќе каже СТОП на самоволието на Џафери?

Граѓаните на Македонија со години искажуваат разочарување од работењето на парламентот. Сегашниот спикер, Талат Џафери, како да се труди таа перцепција на народот да трае, да се засилува…

Најновиот импулс Џафери го даде со вчерашното одбивање на иницијативата за референдум околу договорот за пријателство со Бугарија. Тој самиот реши дека тоа не е во согласност со македонскиот Устав. Едноставно, сопре иницијатива со која граѓаните ќе дадат свое мислење и упатство до политичарите што треба да се прави за доброто на Македонија.

На социјалните мрежи врие, граѓаните се незадоволни велат дека собранискиот спикер е антидемократ. Реагираат и истакнати лица од политиката и правото. Поранешниот собраниски претседател Тито Петковски вчера беше категоричен дека Џафери не е надлежен да ја цени уставноста на иницијативата.

-Оценка на уставноста е во рацете на Уставниот суд. Одлуката по прашањето за референдумската иницијатива треба да биде на Собранието, а не на неговиот претседател. Не треба никој да се става над Собранието, смета Петковски.

И професорката по Уставно право Гордана Силјановска смета дека Џафери се претставува како уставен судија или Суд.

-Тој не е ниту Уставен суд, ниту уставен судија. Тој треба да го толкува собранискиот Деловник, а не уставноста на иницијативата за референдумот, потенцира Силјановска.

На иста линија е и вчера објавеното мислење на Димитар Апасиев, универзитетски професор и лидер на „Левица“.

-Спикерот не е надлежен да се впушта во мериторно оценување на иницијативата за распишување референдум, туку може само да ја цени нејзината „Уредност“ од формално-правен аспект. Спикерот не може сам, без претходно мислење од две собраниски комисии, да одлучи за уредноста на иницијативата, потенцира Апасиев.

И политичкиот аналитичар Александар Кржаловски смета дека Џафери направил контроверзна и непродуктивна одлука.

-Иако е претседател на Собранието, тој е само еден од пратениците и за вакво прашање претпоставувам дека треба собраниска одлука, но сигурно не е надлежен да толкува уставност на што било, вклучувајќи ја и оваа иницијатива, вели Кржаловски.

Има и многу други слични реакции. Можно ли е да се корегира Џафери во одлуката?

Всушност, веќе се поставува и едно друго посуштинско прашање: Треба ли овој кадар на ДУИ да продолжи да биде претседател на македонскиот парламент?

Тој неодамна имаше испади и инциденти во Собранието. Во јавноста протече снимка на која се слуша како ги пцуе и навредува вработените во собраниските служби. Претходно заклучуваше пратеници во салата…

Но, собраниското мнозинство предводено од СДСМ и ДУИ до сега му даваше поддршка што и да направи. По вчерашната постапка на Џафери има ли јунак во партијата на Ковачевски кој ќе застане против самоволието на првиот меѓу пратениците?

Во прашање е сочувување на демократијата во Македонија како и дигнитетот на Собранието. Што е поважно за СДСМ, демократијата или Џафери – ќе видиме наскоро.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВАР, два пенали и многу возбудувања за реми меѓу Шкендија Арачиново и Силекс
Вести

ВАР, два пенали и многу возбудувања за реми меѓу Шкендија Арачиново и Силекс

07/08/2026
ДИК ќе одлучува по приговорот од Европскиот фронт
Вести

Брвеница ќе избира нов градоначалник, ДИК ги почнува подготовките за изборниот процес

07/08/2026
Владата го усвои Планот за праведна транзиција за 2026 година
Вести

Божиновска: Домашните акумулации исполнети 70%, обезбедена стабилност на енергетскиот систем

07/08/2026
Проданоски учествува на Самитот на балканските градови во Загреб
Вести

Карпалак никогаш нема да биде заборавен, порача Проданоски

07/08/2026
Алкалоид Скопје (ALK), НЛБ Банка АД Скопје (TNB) и Македонски Телеком Скопје (TEL) со најголем промет, МБИ10 се намали за 0,19% на 9.959,02 поени
Вести

Македонската берза во благ пораст: МБИ10 порасна за 0,08 отсто, најтргувани акциите на Комерцијална банка

07/08/2026
Тоневски најавува нов пат кон Пониква за побрз пристап и развој на туризмот
Вести

Тоневски: Со план, проекти и конкретни инвестиции го развиваме секое населено место во Пробиштип

07/08/2026
Следна вест
СТИПЕНДИИ ЗА НАЈДОБРИОТ ГОЛМАН И НАЈДОБРИОТ ИГРАЧ ВО МАЛ ФУДБАЛ!

СТИПЕНДИИ ЗА НАЈДОБРИОТ ГОЛМАН И НАЈДОБРИОТ ИГРАЧ ВО МАЛ ФУДБАЛ!

Најнови вести

ВАР, два пенали и многу возбудувања за реми меѓу Шкендија Арачиново и Силекс

ВАР, два пенали и многу возбудувања за реми меѓу Шкендија Арачиново и Силекс

07/08/2026
ДИК ќе одлучува по приговорот од Европскиот фронт

Брвеница ќе избира нов градоначалник, ДИК ги почнува подготовките за изборниот процес

07/08/2026
Владата го усвои Планот за праведна транзиција за 2026 година

Божиновска: Домашните акумулации исполнети 70%, обезбедена стабилност на енергетскиот систем

07/08/2026
Проданоски учествува на Самитот на балканските градови во Загреб

Карпалак никогаш нема да биде заборавен, порача Проданоски

07/08/2026
Алкалоид Скопје (ALK), НЛБ Банка АД Скопје (TNB) и Македонски Телеком Скопје (TEL) со најголем промет, МБИ10 се намали за 0,19% на 9.959,02 поени

Македонската берза во благ пораст: МБИ10 порасна за 0,08 отсто, најтргувани акциите на Комерцијална банка

07/08/2026
Тоневски најавува нов пат кон Пониква за побрз пристап и развој на туризмот

Тоневски: Со план, проекти и конкретни инвестиции го развиваме секое населено место во Пробиштип

07/08/2026
  • Импресум
Информации: +00 389 123 456 789

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.

Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.