Friday, May 3, 2024

Имаше време и планината Беласица да ја поместат, а не пак мостот „Беласица“ да го репарираат

Единаесет месеци по пожарот и шест месеци откако почна менувањето на опожарените топловодни цевки мостот „Беласица“ во Скопје се уште не е во целосна употреба. А важен е за голем дел од Скопје и многу е фреквентен.

Но, сообраќајот по него и натаму се одвива само по две ленти кои за сообраќај беа отворени во септемви минатата година. Останатите ленти и натаму се забранети за сообраќај, а колку тоа го забавува вкупниот сообраќај во ферквентниот дел кај ТЦ „Ист Гејт“ и преминот кон огромната општина Аеродром не треба да се зборува.

Најави дека наскоро би можело да се очекува целосно пуштање на мостот за сообраќај – нема. Нема нови информации од Градот Скопје во чијашто е надлежност овој мост, нема најави од државното претпријатие ЕСМ коешто во октомври лани започна со менувањето на опожарениот топловод и со поставување на новите цевки.

До каде е тоа менување, колку време уште ќе потребно, зошто веќе шест месеци не може да се сменат цевките, никој не објаснува. Зарем уште ќе остане неизвесно кога граѓаните ќе добијат мостот по кој ќе можат сигурно да поминуваат, без колони и блокади.

Многу време помина, до сега ако се работеше како што треба надлежните и планината Беласица ќе ја поместеа, а не еден краток мост да реновираа.

Целиот текст можете да го прочитате на skopskoeho.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Следна вест