• Импресум
Wednesday, June 17, 2026
METRO.mk
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
METRO.mk
Нема резултати
Погледни ги сите

Истрага против петмина скопјани за терористичка организација

17/06/2026
Време за читање: 1 минути
A A
Постои сомнеж за убиство, пронајден е починат 42-годишен маж во Кавадарци што семејството го барало неколку дена

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција отвори истражна постапка против пет лица од Скопје, на возраст од 22 до 34 години, поради сомнение дека сториле кривично дело поврзано со терористичка организација.

Постапката е покрената по кривична пријава поднесена од Министерството за внатрешни работи, а предметот е резултат на координирани активности реализирани од Секторот за борба против тероризам, насилен екстремизам и радикализам и Агенцијата за национална безбедност, под раководство на надлежен јавен обвинител.

Според досегашните сознанија од истрагата, првоосомничениот кон крајот на 2024 година формирал интернет канал и група на социјална мрежа во која членувале и останатите осомничени. Во текот на 2025 и 2026 година, преку тие комуникациски канали биле споделувани и дистрибуирани материјали со кои се поддржувала и промовирала идеологијата на ИСИС, како и други идеолошки поврзани терористички организации.

Според Обвинителството, целта на активностите била ширење пропаганда, идеолошка индоктринација и величење на терористички дејствија и нивни извршители.

Во рамки на акцијата, по наредба на судија на претходна постапка, биле извршени претреси на пет локации на подрачјето на Скопје. Три од нив биле во Казнено-поправната установа Идризово, каде што двајца од осомничените издржуваат затворски казни за други кривични дела, а еден се наоѓа во притвор. Дополнително, претреси биле спроведени и на уште две локации поврзани со останатите осомничени лица.

При акцијата биле пронајдени и одземени повеќе електронски уреди и други предмети кои ќе бидат предмет на вештачење и понатамошна анализа во рамки на доказната постапка.

Судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје делумно го прифатил предлогот на обвинителството, при што на еден од осомничените му е определена мерка притвор, додека на друг му е изречена мерка куќен притвор. Истрагата продолжува со цел целосно утврдување на сите околности и евентуална кривична одговорност на инволвираните лица.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Рекорд на Кристијано Роналдо
Вести

Кристијано Роналдо стана најстариот стартер во историјата на Светските првенства

17/06/2026
Титулата се врати во Скопје – Вардар убедливо до трофејот
Вести

Вардар меѓу кандидатите за специјална покана во Лигата на шампионите

17/06/2026
Томас Вајц: Не треба да ја губиме мотивацијата на Македонија на европскиот пат
Вести

Не беше прифатен предлогот за бришење на Вториот протокол од извештајот

17/06/2026
Клучен ден за Македонија во Европскиот парламент
Вести

Клучен ден за Македонија во Европскиот парламент

17/06/2026
Три гола на Меси за триумф на светскиот шампион против Алжир
Вести

Три гола на Меси за триумф на светскиот шампион против Алжир

17/06/2026
Без вода дел од корисниците во Сопиште
Вести

Жителите на Црниче, Банско и Караџица утрово останаа без вода

17/06/2026
Следна вест
Владата утре на седница го става укинувањето на економските директори

ВЛЕН ја чека визијата на премиерот за промените во Владата

Најнови вести

Рекорд на Кристијано Роналдо

Кристијано Роналдо стана најстариот стартер во историјата на Светските првенства

17/06/2026
Титулата се врати во Скопје – Вардар убедливо до трофејот

Вардар меѓу кандидатите за специјална покана во Лигата на шампионите

17/06/2026
Томас Вајц: Не треба да ја губиме мотивацијата на Македонија на европскиот пат

Не беше прифатен предлогот за бришење на Вториот протокол од извештајот

17/06/2026
Владата утре на седница го става укинувањето на економските директори

ВЛЕН ја чека визијата на премиерот за промените во Владата

17/06/2026
Постои сомнеж за убиство, пронајден е починат 42-годишен маж во Кавадарци што семејството го барало неколку дена

Истрага против петмина скопјани за терористичка организација

17/06/2026
Клучен ден за Македонија во Европскиот парламент

Клучен ден за Македонија во Европскиот парламент

17/06/2026
  • Импресум
Информации: +00 389 123 456 789

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.

Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.