• Импресум
Tuesday, July 28, 2026
METRO.mk
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
METRO.mk
Нема резултати
Погледни ги сите

Јаневска: Е-дневникот не дозволува веќе бришење и поправење на оценки

05/09/2025
Време за читање: 1 минути
A A
Јаневска: Е-дневникот не дозволува веќе бришење и поправење на оценки

Бришење и поправење на оценки веќе нема, од страна на наставниците, како и директорите на училиштата да интервенираат во графите на електронскиот дневник. Тоа електронскиот дневник веќе не го дозволува порача денеска министерката за образование и наука, Весна Јаневска, која одговараше на новинарско прашање за реакциите за фукционалноста на е дневникот, како и за забелешките за учебници кои се оштетени.

-Е-дневникот е работен како проект на Европската унија и е надграден и осовремен, она што сакам децидно да го кажам е дека Да нема веќе бришење, допишување или препишување на оценки. Нема повеќе препишување на наставни планови и програми. Точно е тоа дека е-дневникот веќе не го дозволува тоа. Нема бришење на оценка двојка, преправање во петка. Тоа ќе може само администраторот во МОН да го направи. Доколку има сериозно објаснување за таквото нешто, дека згрешил наставникот и да интервенира во најкус можен рок, изјави Јаневска.

Таа додаде дека нема повеќе директорите да интервенираат во графите, ниту ќе може еден предметен наставник да ги гледа оценките на другите предметни наставници.

Министерката за образование, Јаневска истакна дека наставниците имаат обука за користење на електронскиот дневник, но доколку се потребни дополнителни ќе бидат организирани. Направени се и видео упатства, како да се користи, со цел полесно да се користи системот.

Што се однесува за поплаките за квалитетот или да недостасуваат страници во учебниците, Јаневска вели дека од прво до трето одделение немаат никакви поплаки. Во четврто одделение навистина има проблем со учебникот по Математика, за што министерството за образование и наука ќе се обиде да го реши, колкушто може да им дозволи законот.

-Во петто одделение имаат нов учебник по Историја и општество, во шесто одделение имаат нов учебник по Историја , седмо одделение цела генерација добиваат комплетно нови учебници по сите предмети. Осмо одделение предизвик е учебникот по Историја. Учебникот по Историја одборен од минатите Влади е повлечен 2018-2019 година од МНР поради барањето на мешовитата Комисија бугарско-македонска. Зошто пет години, никој од претходните министри не превзеле нешто, во правец за учебникот за осмо одделение не можам да кажам, ќе мора да ги прашате нив, вели Јаневска.

Таа образложи и зошто годинава за цела генерација не е печатен нов учебник по Историја, причината е што во рок од 12 до 14 дена ќе биде објавен Конкурсот за новите наставни Програми за осмо одделение. Тоа значи наредната генерација ќе има комплетно нова наставна Програма и комплетно нови учебници, вклучувајќи и нов учебник по Историја.

-Сметам дека непотребно трошење на буџетски пари е да правевме по старата Програма учебник за осмо одделение, кога ние за две недели ќе имаме нова Програма и нов учебник за осмо одделение. Дополнително, тој учебник, кој наведно се дели по училиштата не е одобрен учебник, вели Јаневска.

Што се однесува за поплаките од страна на родителите и учениците за учебниците во кои недостасуваат страни, Јаневски со одговор дека учебниците согласно Закон се обновуваат на секои пет години. Досега не било пракса, но какошто рече таа сега ќе се спроведува законот. Забележа дека учениците мора да ги чуваат учебниците, да не се кинат страниците, кориците, а наставниците мора да ги научат дека треба да се чуваат учебниците.

-Секако учебник може да биде оштетен. Затоа сме предвиделе училишна Комисија, која ќе направи прием на учебник и ќе утврди, дали е тој оштетен. Доколку учебникот е оштетен, како поминуваат годините, така расте цената, која поради оштетувањето родителот треба да ја компензира за ем да ги научиме учениците дека треба да ја почитуваат книгата, ем да ја намалиме шетата, односно износот, кој државата го дава за учебници, рече Јаневска.

Посочи дека секоја година се отвара електронски систем, во кој училиштата можат да пријават оштетени учебници, со доказ дека го имаат спроведено законот, односно со уплатници, со којашто наплатиле 10, 40 или 70% од вредноста на учебникот. А како поминуваат годините сумата за оштетениот на учебникот од првата до петата се намалува за родителите.

Прашана колку пари се потрошени годинава за учебници, министерката Јаневска со одговор дека вкупната сума и за нови и обнова на старите учебници е 11 милиони евра.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Најмалку 50 повредени и десетици исчезнати по разорен земјотрес во Јапонија
Вести

Најмалку 50 повредени и десетици исчезнати по разорен земјотрес во Јапонија

28/07/2026
Херојски Вардар со десет играчи се бореше за сензација, но Рига славеше во екстра-времето
Вести

Херојски Вардар со десет играчи се бореше за сензација, но Рига славеше во екстра-времето

28/07/2026
Коњановски: Заедно со граѓаните креираме проекти што го менуваат секојдневието
Вести

Коњановски: Битола повторно е светски центар на фолклорот и традицијата

28/07/2026
Нови оперативни сали на Клиниката за урологија – современи услови за поквалитетни и побезбедни хируршки интервенции
Вести

Нови оперативни сали на Клиниката за урологија – современи услови за поквалитетни и побезбедни хируршки интервенции

28/07/2026
Општина Прилеп: Ќе се спроведе втора фаза на ларвицидна дезинсекција против комарци
Вести

Општина Прилеп: Ќе се спроведе втора фаза на ларвицидна дезинсекција против комарци

28/07/2026
Алкалоид Скопје (ALK), НЛБ Банка АД Скопје (TNB) и Македонски Телеком Скопје (TEL) со најголем промет, МБИ10 се намали за 0,19% на 9.959,02 поени
Вести

Македонската берза во благ пораст: МБИ10 порасна за 0,13 отсто, најтргувани акциите на Алкалоид

28/07/2026
Следна вест
Едно лице загина, а 30 се повредени во сообраќајна несреќа во Србија

Приведен возач од липковско, управувал возило под дејство на алкохол

Најнови вести

Најмалку 50 повредени и десетици исчезнати по разорен земјотрес во Јапонија

Најмалку 50 повредени и десетици исчезнати по разорен земјотрес во Јапонија

28/07/2026
Херојски Вардар со десет играчи се бореше за сензација, но Рига славеше во екстра-времето

Херојски Вардар со десет играчи се бореше за сензација, но Рига славеше во екстра-времето

28/07/2026
Коњановски: Заедно со граѓаните креираме проекти што го менуваат секојдневието

Коњановски: Битола повторно е светски центар на фолклорот и традицијата

28/07/2026
Нови оперативни сали на Клиниката за урологија – современи услови за поквалитетни и побезбедни хируршки интервенции

Нови оперативни сали на Клиниката за урологија – современи услови за поквалитетни и побезбедни хируршки интервенции

28/07/2026
Општина Прилеп: Ќе се спроведе втора фаза на ларвицидна дезинсекција против комарци

Општина Прилеп: Ќе се спроведе втора фаза на ларвицидна дезинсекција против комарци

28/07/2026
Алкалоид Скопје (ALK), НЛБ Банка АД Скопје (TNB) и Македонски Телеком Скопје (TEL) со најголем промет, МБИ10 се намали за 0,19% на 9.959,02 поени

Македонската берза во благ пораст: МБИ10 порасна за 0,13 отсто, најтргувани акциите на Алкалоид

28/07/2026
  • Импресум
Информации: +00 389 123 456 789

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.

Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.