На 19 февруари 2026 година во 11:05 часот во ОВР Гевгелија било пријавено дека на булеварот „Гевгелија“ во Гевгелија се случила сообраќајна несреќа во која патничко возило „ланд ровер“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од 76-годишниот Л.Р. од Гевгелија, удрило во 77-годишната Б.Д. од Гевгелија, која туркала велосипед.
Во несреќата, Б.Д. се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Јавната здравствена установа во Гевгелија.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на ОВР Гевгелија.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:












