Земјава денеска ќе биде под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса што носи променливо облачно време со повремени врнежи од дожд. На повисоките места дождот ќе преминува во дожд и снег, додека на планините се очекуваат претежно снежни врнежи.
Според прогнозата на Управа за хидрометеоролошки работи, врнежите ќе бидат поизразени во западните делови од земјата, каде што локално се можни и поинтензивни периоди на дожд. Ќе дува умерен ветер од јужен правец, кој повремено ќе засилува и ќе придонесе за чувство на постудено време.
Во главниот град ќе преовладува променлива облачност со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен југоисточен ветер.
Утринските температури ќе се движат од -2 до 5 степени, додека дневните ќе достигнат од 1 до 11 степени, во зависност од регионот.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:












