Пратеничката група на Левица поднесе 47 амандмани кон Ребалансот на Буџетот за 2026 година, со кои бараат суштинска прераспределба на јавните средства кон области што директно го засегаат животот на граѓаните – безбедност, инфраструктура, животна средина, земјоделие, домување, социјална заштита, образование, култура, спорт и институционална отчетност.
Според Левица, ребалансот што го предлага ВМРО- ДПМНЕ е финансиски неодговорен и политички разголен документ.
-Наместо да ги коригира слабостите, тој ги продлабочува. Дефицитот се зголемува, задолжувањето станува уште поголемо, а капиталните расходи привидно се прошируваат и покрај катастрофално слабата реализација на веќе планираните проекти, соопшти Левица












