Лидс Јунајтед и Манчестер Јунајтед одиграа возбудлив и неизвесен натпревар кој заврши без победник, 1:1, во рамки на 20. коло од Премиер лига.
Домашниот тим дојде до водство во 62. минута, кога Бренден Ааронсон одлично реагираше во казнениот простор и со прецизен удар ја затресе мрежата за 1:0.
Радоста на „белите“ траеше кратко, бидејќи само три минути подоцна, во 65. минута, Матеус Куња погоди за израмнување и му донесе бод на Манчестер Јунајтед.
До крајот на натпреварот немаше нови погодоци, па дуелот заврши со поделба на бодовите. По ова реми, Манчестер Јунајтед се наоѓа на петтото место на табелата со 31 бод, додека Лидс Јунајтед со 22 бода е на 16. позиција.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:












