Кошаркарот на Портланд Треил Блејзерс, Демијен Лилард, го освои натпреварот во шутирање тројки на НБА Ол‑стар викенд, освојувајќи ја оваа титула по третпат во својата кариера.
Победата е уште поимпресивна ако се знае дека Лилард моментално не настапува поради повреда на Ахиловата тетива и сè уште е во фаза на опоравување.
Во финалната рунда, популарниот „Дејм Дола“ постигна 29 поени, оставајќи го зад себе Девин Букер со 27 поени и дебитантот Кон Кнупел со 17 поени.
Букер имаше шанса да избори продолжение или победа во последната серија, но промаши четири шута по ред и го заврши натпреварувањето на второто место.
Претходно, во финалето не успеаја да се пласираат Норман Пауел (23 поени), Тајрис Макси (17), Боби Портис (15), Џамал Мареј (18) и Донован Мичел (24).
Во првата рунда, Кнупел и Лилард постигнаа по 27 поени, додека Букер беше најуспешен со 30.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:












