Лидс е победник на овогодинешното издание на Летната серија на Премиер лигата во САД, откако во финалниот натпревар го совлада Ливерпул со 4:2 по голем пресврт на стадионот „Солдер Филд“ во Чикаго.
Ливерпул беше подобриот тим во првото полувреме и на пауза замина со предност од 2:0. Првиот гол го постигна 22-годишниот Лук Чемберс во седмата минута, а Флоријан Вирц ја зголеми предноста во 40. минута.
По бројните измени во второто полувреме, Лидс целосно ја презеде иницијативата. Бренден Аронсон во 60. минута намали на 2:1, а Доминик Калверт-Луин седум минути подоцна го израмни резултатот.
Само две минути по израмнувањето, Шејн Лонгстаф го комплетираше пресвртот за водство од 3:2, додека Калверт-Луин со својот втор погодок во 88. минута ги постави конечните 4:2.
Во вториот натпревар од последното коло, Сандерленд го совлада Рексам со 1:0, благодарение на голот на Мукиеле во 34. минута.
Лидс и Ливерпул ја завршија Летната серија со по шест освоени бодови, но трофејот му припадна на Лидс поради подобрата гол-разлика.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:












