• Импресум
Wednesday, June 10, 2026
METRO.mk
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
METRO.mk
Нема резултати
Погледни ги сите

Македонија и Бугарија губат од сегашната состојба, порача Муцунски од Софија

10/06/2026
Време за читање: 1 минути
A A
Муцунски: Заедничките активности на НАТО и ЕУ во регионот од суштинско значење за зацврстување на стабилноста

Македонија останува „заложник на неточна и непринципиелна блокада“ на својот пат кон Европската Унија, изјави министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски за време на посетата на Софија.

Тој посочи дека македонската страна сака јасно да им укаже на бугарските партнери дека актуелната состојба им штети и на двете држави, како на политички и економски план, така и на нивните граѓани.

„Најлесниот начин да се придвижиме напред и да ги решаваме билатералните прашања е Бугарија да ги отвори вратите и да овозможи почеток на преговорите. Прашањата поврзани со историјата, идентитетот и јазикот не се тема за која оваа влада е подготвена да преговара“, истакна Муцунски.

Во текот на денот, тој ја придружува претседателката Гордана Силјановска-Давкова на средба со бугарската потпретседателка Илијана Јотова.

Муцунски оцени дека меѓу двете земји постои значително ниво на недоверба, создадено од долгогодишни спорови и негативни перцепции, но нагласи дека Македонија е подготвена да работи на создавање попозитивна атмосфера во односите.

„Наместо да се занимаваме со прашања од историјата, идентитетот и јазикот, кои се внатрешна работа на секоја држава, треба да се насочиме кон нашата заедничка иднина во Европската Унија“, рече тој.

Според министерот, проширувањето на ЕУ денес не претставува само технички процес, туку и стратешка инвестиција во безбедноста, стабилноста и конкурентноста на Европа.

Тој додаде дека Македонија претставува позитивен пример во регионот, спроведува европски реформи и е целосно усогласена со заедничката надворешна и безбедносна политика на Европската Унија.

Овие пораки беа испратени на состанокот на министрите за надворешни работи на Процес за соработка во Југоисточна Европа, кој годинава одбележува 30 години од своето формирање.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Што ќе се случи ако го изберат за Претседател: Трамп не може да влезе во 37 земји во светот
Вести

Американскиот претседател со нова закана до Техеран

10/06/2026
Мицкоски: Бројките во Буџетот се катастрофални, сепак ќе се најдат средства за исплата на зголемените пензии
Вести

230 милиони евра од унгарската кредитна линија насочени кон компании

10/06/2026
Македонските тенисери загубија 2-1 од домаќинот Молдавија
Вести

Македонските тенисери загубија 2-1 од домаќинот Молдавија

10/06/2026
Гази Баба ги награди најдобрите ученици, Стефковски порача дека знаењето е инвестиција
Вести

Гази Баба ги награди најдобрите ученици, Стефковски порача дека знаењето е инвестиција

10/06/2026
Повреда ја спречи Ѓорческа во борбата за финале
Вести

Ѓорческа не ја искористи меч-топката и остана без пласман понатаму

10/06/2026
Утре почнува нова учебна година, ќе трае до 17 јуни, првпат ќе има и пролетен распуст
Вести

Завршува учебната година, стартува летниот распуст за учениците

10/06/2026
Следна вест
Повреда ја спречи Ѓорческа во борбата за финале

Ѓорческа не ја искористи меч-топката и остана без пласман понатаму

Најнови вести

Што ќе се случи ако го изберат за Претседател: Трамп не може да влезе во 37 земји во светот

Американскиот претседател со нова закана до Техеран

10/06/2026
Мицкоски: Бројките во Буџетот се катастрофални, сепак ќе се најдат средства за исплата на зголемените пензии

230 милиони евра од унгарската кредитна линија насочени кон компании

10/06/2026
Македонските тенисери загубија 2-1 од домаќинот Молдавија

Македонските тенисери загубија 2-1 од домаќинот Молдавија

10/06/2026
Гази Баба ги награди најдобрите ученици, Стефковски порача дека знаењето е инвестиција

Гази Баба ги награди најдобрите ученици, Стефковски порача дека знаењето е инвестиција

10/06/2026
Повреда ја спречи Ѓорческа во борбата за финале

Ѓорческа не ја искористи меч-топката и остана без пласман понатаму

10/06/2026
Муцунски: Заедничките активности на НАТО и ЕУ во регионот од суштинско значење за зацврстување на стабилноста

Македонија и Бугарија губат од сегашната состојба, порача Муцунски од Софија

10/06/2026
  • Импресум
Информации: +00 389 123 456 789

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.

Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.