• Импресум
Thursday, July 23, 2026
METRO.mk
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
METRO.mk
Нема резултати
Погледни ги сите

Метеоролозите најавуваат: Пристигнува „февруарска пролет“, но зимата нема да се предаде лесно!

30/01/2024
Време за читање: 1 минути
A A
Метеоролозите најавуваат: Пристигнува „февруарска пролет“, но зимата нема да се предаде лесно!

Метеоролозите најавуваат: Пристигнува „февруарска пролет“, но зимата нема да се предаде лесно!

Познатиот српски метеоролог Марко Чубрило ја објави временската прогноза за следниот период и во својата последна објава се осврна на временските услови во земјите од регионот.

„По движењето на студениот фронт ќе следи зајакнување на антициклонот, но влијанието на секундарниот циклон над Грција ќе се почувствува до крајниот исток од регионот.

Според него, првите три дена од оваа недела ќе бидат суви и стабилни. Студени ноќи и утра со мразови од -7 до -1, локално околу -12 Целзиусови степени. Дневните максимални од +4 до +11, освен на места каде маглата подолго се задржува, каде би било постудено со максимални околу +2 Целзиусови степени.

„Од околу 31 јануари до околу 6 февруари јадрото на антициклонот ќе се движи јужно од нас и ќе започне топол проток на воздух на југ и југозапад над нас. Ноќните мразови ќе бидат слаби и ретки, додека дневните високи ќе се движат од +7 до +16 степени Целзиусови, што е далеку над просекот. Само на некои места по котлините каде маглата и ниската облачност подолго се задржуваат ќе биде посвежо и облачно.

Сигналот за постепена промена на синоптиката се уште стои некаде по 7 февруари, но во овој момент се уште е нејасно колку брзо ќе се промени прогнозата. Генерално за периодот по 10 февруари до крајот на месецот има најава за враќање на нормалните зимски температури со можност за врнежи од снег во низините од регионот, но деталите за тој период, кој синоптички се уште е многу далеку, не се доволно прецизни за поконкретна прогноза.

Според досегашната проценка за состојбата на атмосферата, појасна слика за развојот на времето може да очекуваме во следните три недели, колку што би можел да трае студениот период.

„Како што спомнав многу пати до сего – сите презентирани податоци и проценки се резултат на мојата обработка и интерпретација на нумерички модели, за официјална информација, следете ги државните метеоролошки институти“, наведе Чубрило.

Според метео прогнозерот Славчо Попоски пак, во текот на оваа седмица ќе бидеме под влијание на антициклонот Зевс кој освен нас, го опфаќа и поголемиот дел од европскиот континент. Времето ќе биде стабилно, суво и со се повеќе сонце.

Ќе дува слаб до умерен, а Долж Повардарието и во источните предели повремено засилен ветер од северен правец.

Наутро температурите, особено во првите денови од оваа седмица ќе бидат многу ниски и ќе се спуштаат во интервалот помеѓу -10 и -2 степени, а тие понекаде ќе се спуштаат и под -10 степени. Максималните дневни температури ќе бидат во постепен пораст секојдневно.

Особено натпросечно високи температури преку ден ќе имаме за време на викендот кога тие ќе се искачуваат во интервалот од 7 до 16 степени.

Во Скопје и околината ќе имаме слично време, стабилно и суво со се повеќе сонце. Повремено ќе засилува ветерот од северен правец. Наутро температурата ќе се спушта во интервалот помеѓу -4 и -2 степени, а преку ден таа ќе се искачува во интервалот помеѓу 7 и 9 степени.

Се до 6 февруари врнежи од снег и нова снежна бајка во Македонија не се очекува.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Цените на нафтата во третиот квартал се зголемија за повеќе од 25 отсто
Вести

Новите тензии на Блискиот Исток ја кренаа цената на нафтата

22/07/2026
ФИФА го избра идеалниот тим на Мундијалот 2026, Шпанија со најмногу претставници
Вести

ФИФА го избра идеалниот тим на Мундијалот 2026, Шпанија со најмногу претставници

22/07/2026
Алкалоид ги претстави трите големи засилувања за новата сезона
Вести

Алкалоид ги претстави трите големи засилувања за новата сезона

22/07/2026
САД го фатија Мадуро, обвиненијата веќе поднесени – следи судење во Њујорк
Вести

Нов развој во случајот Мадуро: Судењето почнува во јуни 2027 година

22/07/2026
Аргентина испиша неславна историја во финалето на Светското првенство
Вести

Аргентина под истрага по масовната тепачка по финалето на Светското првенство

22/07/2026
Невреме со трагични последици во Албанија: Двајца загинати и тројца повредени
Вести

Невреме со трагични последици во Албанија: Двајца загинати и тројца повредени

22/07/2026
Следна вест
Мицкоски ја доби тужбата за клевета за лагата дека „купил и реновирал куќа во Козле вредна еден милион евра“

Мицкоски ја доби тужбата за клевета за лагата дека „купил и реновирал куќа во Козле вредна еден милион евра“

Најнови вести

Цените на нафтата во третиот квартал се зголемија за повеќе од 25 отсто

Новите тензии на Блискиот Исток ја кренаа цената на нафтата

22/07/2026
ФИФА го избра идеалниот тим на Мундијалот 2026, Шпанија со најмногу претставници

ФИФА го избра идеалниот тим на Мундијалот 2026, Шпанија со најмногу претставници

22/07/2026
Алкалоид ги претстави трите големи засилувања за новата сезона

Алкалоид ги претстави трите големи засилувања за новата сезона

22/07/2026
САД го фатија Мадуро, обвиненијата веќе поднесени – следи судење во Њујорк

Нов развој во случајот Мадуро: Судењето почнува во јуни 2027 година

22/07/2026
Аргентина испиша неславна историја во финалето на Светското првенство

Аргентина под истрага по масовната тепачка по финалето на Светското првенство

22/07/2026
Невреме со трагични последици во Албанија: Двајца загинати и тројца повредени

Невреме со трагични последици во Албанија: Двајца загинати и тројца повредени

22/07/2026
  • Импресум
Информации: +00 389 123 456 789

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.

Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.