• Импресум
Tuesday, July 28, 2026
METRO.mk
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
METRO.mk
Нема резултати
Погледни ги сите

Муцунски: Министерстовото за финансии не прифати ни еден од суштинските амандмани кои нашата пратеничка група ги поднесе

14/04/2021
Време за читање: 1 минути
A A

Сакам да ве информирам дека само што заврши комисиската расправа на Комисијата за финансирање и буџет поврзана со последниот односно петтиот пакет економски мерки. Очекувам за дваесетина минути да заврши и дополнителната седница на комисијата поврзана со директна помош која ќе пристигне кај оние ранливи категории на граѓани, изјави денеска за медиумите, Тимчо Муцунски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ.

– Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ имаше неколку суштински амандмани кои што беа поднесени. Нашиот предлог беше покрај помошта која што е предвидена во рамките на овие закони за февруари и март, уште овој момент законите да предвидат директна помош и за април и за мај, предложивме средствата директно да бидат префрлени на сметките на граѓаните односно средствата поврзани со плата, пред се поради одредените недоследности и злоупотреби кои што се случуваат во системот, а исто така предложивме средствата кои што ќе бидат помош за граѓаните и компаниите да бидат неповратна помош, истакна тој.

Муцунски посочи дека ниту еден од овие суштински амандмани не бил прифатен од страна на Министерството за финансии и од страна на парламентарното мнозинство.

– Дополнително сакам да ве информирам дека согласно нашите информации се создадени услови за уште денес да се одржи пленарна седница на Собранието на која што конечно ќе заврши законодавната постапка околу овој пакет на економска поддршка на граѓаните и компаниите. Помошта, иако сметаме дека е недоволна, иако сметаме дека треба да биде на различен начин димензионирана како што кажавме во самите амандмани, сепак е форма на помош и нашата улога како пратеничка група е да што побрзо стигне до граѓаните. Секој дополнителен ден кој што чекаме значи изгубени работни места, значи неисплатени плати за нашите сограѓани, значи затворање на уште компании, рече тој.

Апелираме до владеачкото мнозинство, ова се закони кои што Владата ги пушти во Собранието на 16 февруари, потоа месец дена седеа во фиоките на парламентарното мнозинство бидејќи не се закажуваше седница на Собранието по однос на овие закони. Дополнително сите сме свесни за амандманската блокада која што постоеше од Алијанса на Албанците и Алтернатива но веќе нема пречка овие закони да бидат донесени уште денес, во текот на денешниот ден за веќе утре законите да бидат објавени во Службен весник, што значи час поскоро сите да работиме да бидат донесени овие закони. Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ е во Собранието, ние сме подготвени уште денес на пленарна седница да дадеме поддршка за овој недоволен но сепак потребен сет економски мерки, додаде Муцунски.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Деветнаесетгодишен Македонец приведен во Никшиќ по акција на полицијата
Вести

Деветнаесетгодишен Македонец приведен во Никшиќ по акција на полицијата

28/07/2026
Започна 48. Традиционален Илинденски коњички марш кон Крушево
Вести

Започна 48. Традиционален Илинденски коњички марш кон Крушево

28/07/2026
Мицкоски: Реформите продолжуваат и покрај блокадите
Вести

Мицкоски денеска во посета на Општина Илинден

28/07/2026
Туристички бран создаде километарски колони на ГП „Дојран“
Вести

Колони кон Грција: На Богородица задржување од околу 15 минути

28/07/2026
Пановски: Илјадници граѓани имаат симптоми, каде се епидемиолозите?
Вести

Пановски: Проект од седум милиони евра бил закочен поради фактура од 16.500 денари

28/07/2026
Познато кога ќе биде погребан Гоце Тодоровски, ќерката со емотивна порака се прости од него
Вести

Познато кога ќе биде погребан Гоце Тодоровски, ќерката со емотивна порака се прости од него

28/07/2026
Следна вест
Доколку има потреба полицискиот час ќе продолжи и по 20 април, вели Филипче

Доколку има потреба полицискиот час ќе продолжи и по 20 април, вели Филипче

Најнови вести

Деветнаесетгодишен Македонец приведен во Никшиќ по акција на полицијата

Деветнаесетгодишен Македонец приведен во Никшиќ по акција на полицијата

28/07/2026
Започна 48. Традиционален Илинденски коњички марш кон Крушево

Започна 48. Традиционален Илинденски коњички марш кон Крушево

28/07/2026
Мицкоски: Реформите продолжуваат и покрај блокадите

Мицкоски денеска во посета на Општина Илинден

28/07/2026
Туристички бран создаде километарски колони на ГП „Дојран“

Колони кон Грција: На Богородица задржување од околу 15 минути

28/07/2026
Пановски: Илјадници граѓани имаат симптоми, каде се епидемиолозите?

Пановски: Проект од седум милиони евра бил закочен поради фактура од 16.500 денари

28/07/2026
Познато кога ќе биде погребан Гоце Тодоровски, ќерката со емотивна порака се прости од него

Познато кога ќе биде погребан Гоце Тодоровски, ќерката со емотивна порака се прости од него

28/07/2026
  • Импресум
Информации: +00 389 123 456 789

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.

Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.