• Импресум
Friday, June 19, 2026
METRO.mk
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
METRO.mk
Нема резултати
Погледни ги сите

Муцунски: Поддршка за Левица и за нивните кандидати на изборите е скриен глас за СДСМ

05/03/2024
Време за читање: 1 минути
A A
Муцунски: Поддршка за Левица и за нивните кандидати на изборите е скриен глас за СДСМ

Кај Левица се забележува страшна опседнатост со дејствувањето на ВМРО-ДПМНЕ, која е главна опозициска партија и затоа на овие претседателски и парламентарни избори гласот за Левица и за кандидатите поддржани од оваа партија е скриен глас за владејачката СДСМ – рече потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски во емисијата „360 степени“ на МРТ 1

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски, вели дека тој лично не ја познава професорката Билјана Ванковска, кандидатка на Левица за шеф на државата, и затоа не би можел да каже дали таа имала улога на „помагач“ на изборите во 2019 година Гордана Силјановска-Давкова да победи во претседателската трка. Ова беше одговорот на Муцунски прашан дали знае на што мисли Ванковска кога вели: „Мицко ме нарече измеќарка. Во право е, измеќарка им бев во 2019 година кога се отепав од работа. Си знаат добро што работев, а можам и да ги потсетам ако заборавиле“.

Но, според потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, од она што тој со сигурност може да го каже е дека секој глас за Левица и за кандидатите на Левица на претстојните двојни избори е скриен глас за СДСМ и дека овој факт е очигледен. Сепак, проценува тој, кај граѓаните се развива зрелост со која тие го препознаваат тоа и покрај тоа што Левица негодува за ваквите ставови на ВМРО-ДПМНЕ.

„Тие се опозиција на опозицијата, кога ги гледате нивните изјави и објави, гледате една страшна опседнатост со дејствувањето на ВМРО-ДПМНЕ, која е главна опозициска партија. Доколку сите велиме дека главниот проблем во државата се СДСМ и ДУИ, тогаш логично би било ние да разговараме за опозициско обединување и како да ја срушиме оваа власт, но гледате подолг период, ова е нешто што во континуитет се случува“, вели Муцунски.

Според него, во демократија е дозволено се и добро е што на изборите ќе има широк спектар на кандидати. Сепак, убеден е дека во текот на кампањата и по дејствувањето на кандидатите граѓаните ќе осознаат повеќе за партиите кои стојат зад кандидатите.

„Едно е вие да настапувате со свои автентични ставови и да кажете за што стоите, кои се вашите ставови за оние круцијални прашања од внатрешна и надворешна политика, но јас гледам во последните недели изјави фокусирани за личности дали е тоа Мицкоски, дали е Силјаноска-Давкова, дали Муцунски, Пецаков, да ги наброиме сите понатаму на кои гледаме сериозен фокус од Левица и од нивниот кандидат, но не гледам став со кој би привлекле гласови“.

Извор: 360 степени

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Oсвоила над 200.000 евра во казино во Франција за Нова година
Вести

Пратениците и експертите денеска дискутираат за новиот закон за игри на среќа

19/06/2026
Без вода дел од корисниците во Сопиште
Вести

Прекин во водоснабдувањето кај „Рекорд“ и Министерството за правда

19/06/2026
Сончево со умерена облачност, температурата до 36 степени
Вести

Температурите ќе достигнат до 33 степени, следува нестабилно попладне

19/06/2026
САД има начин да ја запре иранската нуклеарна програма, истакна Џеј Ди Венс
Вести

Џеј Ди Венс ја откажа посетата, пропаднаа разговорите со Иран

19/06/2026
Канада и Мексико славеа во новото коло на Мундијалот
Вести

Канада и Мексико славеа во новото коло на Мундијалот

19/06/2026
Македонците од Бугарија реагираат на изјавата на Радев
Вести

Радев одби средба со Мицкоски

18/06/2026
Следна вест
„Не сум слушнала лоша изјава од Силјановска, но ме изненанди вокабуларот на Пендаровски, го наруши дигнитетот на функцијата“

„Не сум слушнала лоша изјава од Силјановска, но ме изненанди вокабуларот на Пендаровски, го наруши дигнитетот на функцијата“

Најнови вести

Oсвоила над 200.000 евра во казино во Франција за Нова година

Пратениците и експертите денеска дискутираат за новиот закон за игри на среќа

19/06/2026
Без вода дел од корисниците во Сопиште

Прекин во водоснабдувањето кај „Рекорд“ и Министерството за правда

19/06/2026
Сончево со умерена облачност, температурата до 36 степени

Температурите ќе достигнат до 33 степени, следува нестабилно попладне

19/06/2026
САД има начин да ја запре иранската нуклеарна програма, истакна Џеј Ди Венс

Џеј Ди Венс ја откажа посетата, пропаднаа разговорите со Иран

19/06/2026
Канада и Мексико славеа во новото коло на Мундијалот

Канада и Мексико славеа во новото коло на Мундијалот

19/06/2026
Македонците од Бугарија реагираат на изјавата на Радев

Радев одби средба со Мицкоски

18/06/2026
  • Импресум
Информации: +00 389 123 456 789

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.

Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.