Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство соопшти дека денеска се реализирани исплати во вкупен износ од над 237 милиони денари кон македонските земјоделци.
Според информациите, средствата се распределени по неколку мерки. Од Интервентниот фонд – мерка 1.2 „Произведено вино“ исплатени се 59.942.278 денари за 39 корисници. По мерката 213 „Плата за овчари“ реализирани се 34.089.868 денари за 43 корисници, додека преку мерката 112 „Млади земјоделци“ исплатени се 17.815.422 денари за 48 корисници.
Дополнително, по мерката 121.7 „Комбајни за ориз“ исплатени се 28.779.597 денари за 48 корисници.
Од Министерството информираат дека се реализирани и 96.661.300 денари за 34 корисници преку Програмата за рурален развој, која опфаќа набавка на добиток, плати за задруги, поддршка за каматни стапки и техничка помош.
„Продолжуваме со поддршка кон македонските земјоделци“, се наведува во соопштението на МЗШВ.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:












