На секои десет минути, дете со висока температура до 40 степени, изразена слабост, главоболка, болно грло и сува, иритирачка кашлица е прегледано од лекар во пунктот за педијатриска нега во поликлиниката „Бит Пазар“.
Непосредно пред новогодишните собири и прослави, грипот остави сериозни последици, со значително зголемен број пациенти и полни амбуланти. Според здравствените установи, дневно се прегледуваат над 200 деца во амбулантите на Детската клиника и Клиниката за белодробни заболувања „Козле“.
Поради респираторни компликации, болничките капацитети во овие установи се речиси целосно исполнети. Докторката Ристова-Стефановска посочува дека во пунктот за педијатриска нега во поликлиниката „Бит Пазар“, освен педијатар, на располагање има и лабораторија, што овозможува побрза дијагностика.
Според податоците на Институт за јавно здравје, пред Нова година во земјава се регистрирани речиси 1.000 случаи на грип, што е за 2,5 пати повеќе во споредба со претпоследната недела од декември. Најголем број од заболените се евидентирани во Скопје, Тетово и Велес.
Вкупниот број на регистрирани случаи на грип и заболувања слични на грип изнесува 2.100.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:













