Две лица го загубија животот во текот на ноќта во руски воздушен напад врз Киев и поширокиот регион, соопштија украинските власти.
Според Украинската Државна служба за вонредни состојби, во нападот бил зафатен од пожар медицински центар во населбата Оболонски, во северниот дел на главниот град. По гаснењето на пожарот, спасувачките екипи пронашле едно безживотно тело во објектот.
Во истиот напад една жена е повредена, додека 25 лица биле навремено евакуирани од зафатената област.
Руските сили, како што информираат украинските власти, извршиле напади и врз повеќе градови и населени места низ областа околу Киев, при што биле оштетени куќи и делови од критичната инфраструктура. Во областа Фастив, југозападно од Киев, загинал уште еден цивил, соопшти регионалниот гувернер Микола Калашник преку Телеграм.
Поради нападите, делови од регионот останале без електрична енергија.
Од руската страна засега нема официјален коментар. И Москва и Киев и натаму тврдат дека воените операции не се насочени кон цивилно население.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:












