Долготрајниот дожд и претходниот снег го зголеми нивото на реката Вардар. Тоа е добро оти така самиот ќе си се подзачисти од ѓубрето кое неодговорните го фрлаат во водите.
Но, ќе биде ли надојдената вода доволна да ја однесе и одамна напуштената, изгорената, искршената и многу грдата Галија која како ругло стои во реката покрај ГТЦ?
Шегата настрана, не би требало Вардар да се погрижи за ова, ова е работа на градските власти. Уште од времето на Петре Шилегов е најавено дека ќе се тргне руглото. Тој уште во 2021 година почна да ја урива, ама потоа ја остави таква нагрдена во речното корито. Решителна беше и Данела Арсовска дека галијата ќе ја снема од центарот на Скопје, ама и таа не направи ништо.
Ќе биде ли Орце Горѓиевски поисполнителен или Галијата ќе дочека и друг градоначалник. Или пак, навистина треба Вардар да си преземе мерки?
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:












