Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, на својот фејсбук-профил објави ноќно видео од експресниот пат Градско–Дреново (Прилеп) и упати порака до јавноста во пресрет на големиот христијански празник Богојавление – Водици.
„Во пресрет на големиот празник Богојавление – Водици, погледнете го ова ноќно видео од експресниот пат Градско–Дреново (Прилеп). Со овој експресен пат Прилеп, Битола, Ресен, Могила, Новаци, Крушево и цела Пелагонија се поблиску до главниот град Скопје, а патувањето е многу побезбедно. За многу години! Бог се јави“, напиша Николоски во објавата.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:












