Полицијата денеска заплени уште еден тон марихуана од складиште на компанијата „Грин лајф“ во валандовското село Јосифово. „Грин лајф“ е една од шесте фирми на кои неодамна им беа одземени лиценците за одгледување канабис за медицински цели, во рамките на истрагата за петте тони марихуана пронајдени од српската полиција во село кај Крушевац.
Од Министерство за внатрешни работи на Република Северна Македонија информираа дека по наредба на јавен обвинител од Основно јавно обвинителство Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица и ОВР Валандово извршиле претрес во просториите на правниот субјект во Јосифово.
Според јавно достапните податоци, компанијата „Грин лајф“ се занимава со одгледување зачински, ароматични и лековити растенија, како и растенија за употреба во фармацијата.
Според досегашните информации што ги објавија полицијата и Обвинителството, во рамки на истрагата за нелегална трговија со марихуана досега се запленети повеќе од 40 тони.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:












