Три лица се обвинети за закани кон градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, а за едно од нив се предлага и мерка притвор. Основното јавно обвинителство во Кавадарци поднесе обвинение против три лица за кривично дело загрозување на сигурноста.
Првообвинетиот, 32-годишник со двојно македонско и бугарско државјанство, на својот Фејсбук профил подолг период објавувал закани, повици за насилство и говор на омраза насочени кон градоначалникот и неговото семејство, вклучително и неговите малолетни деца. Во дел од објавите тој споделувал и фотографии и видеа во кои пукал со оружје.
Од јули годинава, истиот се заканувал и преку телефонска апликација, испраќајќи пораки со закани по животот на Јанчев и неговото семејство. Второобвинетиот пренесувал дел од овие закани, додека третиот се приклучил со коментари со закани за убиство на градоначалникот.
Поради сериозноста на заканите и ризикот од бегство, за првообвинетиот јавниот обвинител предложи мерка притвор до судијата за претходна постапка во Основниот суд во Кавадарци.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:












