• Импресум
Monday, June 22, 2026
METRO.mk
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
METRO.mk
Нема резултати
Погледни ги сите

Показна вежба на Плоштад Македонија: Кампања против употребата на пиротехника

19/12/2025
Време за читање: 1 минути
A A
Показна вежба на Плоштад Македонија: Кампања против употребата на пиротехника

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, заедно со директорката на Универзитетската клиника за пластична и реконструктивна хирургија, д-р Јасмина Георгиевска-Павловска, и генералниот секретар на Црвен крст на Република Северна Македонија, д-р Саит Саити, денеска на Плоштад Македонија присуствуваа на показна вежба изведена од ученици од средното училиште СУГС Владо Тасевски, во рамки на превентивната кампања „Сигурни празници, без употреба на пиротехника“.

Кампањата се реализира во организација на СВР Скопје – Одделение за превенција и Црвен крст на Град Скопје, со поддршка на Универзитетската клиника за пластична и реконструктивна хирургија. Фокусот е ставен на подигање на јавната свест за сериозните ризици и последици од неовластената употреба на петарди и други пиротехнички средства, особено кај децата и младите.

Министерот Тошковски упати благодарност до сите институции и учесници вклучени во кампањата, нагласувајќи дека заштитата на животот и здравјето на најмладите претставува врвен приоритет.

„Овие превентивни активности имаат огромно значење. Ниту една прослава не вреди колку здравјето и животот на нашите деца. Благодарност до Црвениот крст, до Клиниката за пластична хирургија, до Средното училиште ‘Владо Тасевски’ и до учениците кои со своето учество испратија силна порака до јавноста“, изјави Тошковски.

Во своето обраќање, министерот посочи дека Министерството за внатрешни работи годинава бележи значително зголемена откривачка активност во делот на нелегалната пиротехника. Заклучно со ноември 2025 година, откриени се околу 155.000 парчиња пиротехнички средства, што е речиси трипати повеќе во споредба со 2024 година, кога биле запленети околу 52.000 парчиња. Само во текот на овој месец, во рамки на посебна оперативна акција, запленети се дополнителни над 30.000 парчиња пиротехника.

Тошковски нагласи дека овие бројки се доказ за интензивната работа и посветеноста на полициските службеници, но и сериозен аларм за големиот обем на пиротехнички средства што циркулираат во државата.

„Ќе продолжиме со решителни репресивни мерки, но превенцијата е суштинска. Мораме заеднички да ја подигнеме свеста дека пиротехниката не е неопходна за убави празници. Оваа порака ќе ја пренесуваме не само во Скопје, туку и низ целата држава“, порача министерот за внатрешни работи.

Од Министерството за внатрешни работи апелираат граѓаните да се воздржат од користење пиротехнички средства и заеднички да придонесат за безбедни и мирни празници за сите.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вести

Силна бура ја погоди јужна Германија, гром повреди десет лица

22/06/2026
Кошаркарска бомба: Панатинаикос повторно му ја довери клупата на Обрадовиќ
Вести

Кошаркарска бомба: Панатинаикос повторно му ја довери клупата на Обрадовиќ

22/06/2026
Белгија со играч помалку не успеа да го скрши отпорот на Иран
Вести

Белгија со играч помалку не успеа да го скрши отпорот на Иран

22/06/2026
ФФМ со осудува за насилството на натпреварот Брегалница – Шкупи
Вести

Уште четири лица опфатени со истрагата за Фудбалската федерација на Македонија

22/06/2026
Козле добива нова градинка со капацитет за 130 деца
Вести

Козле добива нова градинка со капацитет за 130 деца

22/06/2026
Во Скопје казнет 151 возач
Вести

Полицијата приведе 20 возачи поради сериозни сообраќајни прекршоци

22/06/2026
Следна вест
Николоски и Мисајловски на средби во Будимпешта за одбрана и економија

Николоски и Мисајловски на средби во Будимпешта за одбрана и економија

Најнови вести

Силна бура ја погоди јужна Германија, гром повреди десет лица

22/06/2026
Кошаркарска бомба: Панатинаикос повторно му ја довери клупата на Обрадовиќ

Кошаркарска бомба: Панатинаикос повторно му ја довери клупата на Обрадовиќ

22/06/2026
Белгија со играч помалку не успеа да го скрши отпорот на Иран

Белгија со играч помалку не успеа да го скрши отпорот на Иран

22/06/2026
ФФМ со осудува за насилството на натпреварот Брегалница – Шкупи

Уште четири лица опфатени со истрагата за Фудбалската федерација на Македонија

22/06/2026
Козле добива нова градинка со капацитет за 130 деца

Козле добива нова градинка со капацитет за 130 деца

22/06/2026
Во Скопје казнет 151 возач

Полицијата приведе 20 возачи поради сериозни сообраќајни прекршоци

22/06/2026
  • Импресум
Информации: +00 389 123 456 789

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.

Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.