Кејот на реката Вардар, едно од најпосетените места за рекреација и прошетка во Скопје, добива нова урбана опрема, информираат од Град Скопје.
Во рамки на активностите се поставуваат нови клупи и корпи за отпадоци, со цел просторот да биде поуреден, почист и пофункционален за граѓаните кои секојдневно го користат кејот.
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, истакна дека интервенциите се реализираат по барање на жителите и како одговор на потребите за подобрување на јавниот простор.
Паралелно со поставувањето на новата опрема, продолжува и редовното одржување на кејот, како и акцијата за чистење на коритото на реката Вардар на територијата на градот.
Од Град Скопје порачуваат дека целта на активностите е јавните простори да станат попријатни и поквалитетни за престој и рекреација на граѓаните.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:












