Ова е резултат на денеска постигнатиот договор меѓу координаторите на пратеничките групи во Собранието откако вакво нешто беше најавено и по вчерашната лидерска средба што ја организираше премиерот Христијан Мицкоски.
Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски објасни дека најважните работи се разјаснети и договорено е пратениците на коалицијата предводена од ДУИ да ја дадат поддршката на измените во Законот за прекршоците.
Тој објасни дека измените во Законот се во финална фаза кога останува само да се изгласаат.
Измените во Законот се најмногу потребни за од МВР да можат електронски да им ги испраќаат казните.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:












