• Импресум
Friday, August 7, 2026
METRO.mk
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
METRO.mk
Нема резултати
Погледни ги сите

Пред избори маските почнаа да паѓат – формирана нова коалиција, Костадинов со ВМРО-ДПМНЕ, објави Марјан Даскаловски

08/08/2025
Време за читање: 1 минути
A A
Пред избори маските почнаа да паѓат – формирана нова коалиција, Костадинов со ВМРО-ДПМНЕ, објави Марјан Даскаловски

Почитувани граѓани.

Пред избори маските почнаа да паѓат.

Па затоа на овој начин сакам да ви се обратам и да ги расчистиме сите дилеми, а воедно и да ве предупредам дека Струмица им е трн во око, но и да ви ветам дека Струмица ќе биде на сите, без лаги, без дволични игри, без компромиси!

По вчерашните здружени соопштенија од страна на ВМРО-ДПМНЕ, независниот советник Танушев и градоначалникот Костадинов добивме нова коалиција во Струмица, која во паника од изборите кои следуваат дејствуваат организирано против мене и СДСМ.

Вчерашната седница беше целосно спороведена по деловник.

На дневен ред беше предложен амандман од советникот Танушев, по кој требаше изјаснување од страна на заменикот раководител на сектор за анамандманот, кој во два наврати (пред и после пауза) не се изјасни воопшто, свесен дека нема средства за реализација на истиот.

Инаку известителот од прв ред е Градоначалникот, потоа заменик градоначалник, потоа раководител за на крај заменикот…

Откако увидоа дека за предложениот амандман нема средства во буџетот, советникот Танушев сакаше од негови “политички” побуди да го стави на гласање.

Замислите, ВМРО-ДПМНЕ беа против тоа, за сега да излезат со соопштение во кое ја покажуваат нивната дволичност.

Паниката во нивниот штаб, очигледно ги тера на соопштенија кои не се ни блиску до реалноста, но за тоа на избори граѓаните ќе судат.

Зошто маските паднаа!?

Пред 3 месеци кога повикуваме на здрав разум за ситауцијата во градинките, ВМРО спинуваа, незавинсиот велеше да не се политизира, а градоначалникот вети ребаланс за пронаоѓање средства на кадарот од градинките, не го стори тоа.

Ништо од тоа не се случи, напротив сега ВМРО повторно игра дволично, независниот политизира, а градоначалникот чукајќи се во гради, заборави на ветеното.

Ваквиот хаос ќе престане уште во Октомври.

Јас сум човек кој секогаш е спремен да подаде рака кон секој и за секој.

Граѓаните на Општина Струмица знаат кој е Марјан Даскаловски.

А за пожарникарите, од сите погоре спомнати, можам без сомнеж да споделам дека таму ги имам сите како мои другари и пријатели и за нивното херојство ќе се заложам уште во првиот ден од мојот мандат.

Општина Струмица ќе добие нов лик, ќе добие нов менталитет и ќе работи во интерес на сите.

Маските ви паднаа, јас сум победувал различни коалиции, затоа што сум со граѓаните, па затоа и ќе ве победам повторно!

Соопштение на Марјан Даскаловски.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Возило излета од патот Ресен-Охрид
Вести

Пронајден возачот кој ја прегази жената во Ѓорче Петров и побегна

06/08/2026
Реал Мадрид го обезбеди потписот на Винисиус за уште шест сезони
Вести

Реал Мадрид го обезбеди потписот на Винисиус за уште шест сезони

06/08/2026
Општина Прилеп бара максимална внимателност: Еден невнимателен чекор може да предизвика голем пожар
Вести

ЦУК: Активни пожари кај Македонски Брод и Струмица

06/08/2026
Македонија убедливо го отвори Европското првенство, Кипар немоќен во Гевгелија
Вести

Македонија убедливо го отвори Европското првенство, Кипар немоќен во Гевгелија

06/08/2026
Русите се жалеа, Путин одговараше: како помина четири и полчасовниот настап
Вести

Путин потпиша закон со нови ограничувања за Русите што живеат во странство

06/08/2026
Крвава групна пресметка меѓу соседи во Скопје, 25-годишно момче е рането со пиштол
Вести

Возач со „фиат“ прегази жена во Ѓорче Петров и избега

06/08/2026
Следна вест
Разрешен началникот на ОВР Демир Хисар

Разрешен началникот на ОВР Демир Хисар

Најнови вести

Возило излета од патот Ресен-Охрид

Пронајден возачот кој ја прегази жената во Ѓорче Петров и побегна

06/08/2026
Реал Мадрид го обезбеди потписот на Винисиус за уште шест сезони

Реал Мадрид го обезбеди потписот на Винисиус за уште шест сезони

06/08/2026
Општина Прилеп бара максимална внимателност: Еден невнимателен чекор може да предизвика голем пожар

ЦУК: Активни пожари кај Македонски Брод и Струмица

06/08/2026
Македонија убедливо го отвори Европското првенство, Кипар немоќен во Гевгелија

Македонија убедливо го отвори Европското првенство, Кипар немоќен во Гевгелија

06/08/2026
Русите се жалеа, Путин одговараше: како помина четири и полчасовниот настап

Путин потпиша закон со нови ограничувања за Русите што живеат во странство

06/08/2026
Крвава групна пресметка меѓу соседи во Скопје, 25-годишно момче е рането со пиштол

Возач со „фиат“ прегази жена во Ѓорче Петров и избега

06/08/2026
  • Импресум
Информации: +00 389 123 456 789

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.

Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.