• Импресум
Tuesday, June 16, 2026
METRO.mk
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
METRO.mk
Нема резултати
Погледни ги сите

Преглед НБА лига: Хорнетс вторпат во три дена ги совладаа Маверикс

27/03/2023
Време за читање: 1 минути
A A
Преглед НБА лига: Хорнетс вторпат во три дена ги совладаа Маверикс

Кошаркарите на Шарлот Хорнетс во пред своите навивачи ноќта кон понеделникот ги совладаа Далас Маверикс со 110:104 и им го нанесоа вториот пораз за три дена.

Шарлот, со соодносот на победи и порази 25-51 се претпоследниот тим на табелата на Источната конференција и со овие две победи ги компромитира изгледите на Далас за пласман во плеј-офот. Имено, Маверикс со учинок 36-39 паднаа на 11-то место во Западната конференција и моментално не се меѓу екипите кои ќе се борат за титулата шампион во НБА.

Хорнетс речиси цело време водеа на овој натпревар, а веќе во првата четвртина беа на +18 (30:12), подоцна на +19 (48:29) во втората делница. Гостите до крајот на полувремето успеаја само да се вратат на седум поени заостанување, а на крајот од мечот и двапати водеа (92:90, 98:97). Сепак, и во двата наврати Хорнетс одговорија со серија, првиот пат 6:0, вториот со 7:0 и ја вратија предноста на своја страна.

На влезот во последната минута Макси Клебер со „тројка“ ја намали негативата на Далас на само два поена (104:106), но тоа беше последниот удар на гостите.

Стрелците на Далас ги предводеше Лука Дончиќ со 40 поени, но шутираше 12/29 од поле. Словенецот имаше и 12 скока и осум асистенции, но ја заработи и 16-та техничка грешка, па ќе мора да го пропушти следниот натпревар во кој неговиот тим ќе гостува кај Индијана Пејсерс.

Кајри Ирвинг постигна 18 поени, а Тим Хардавеј Џуниор 15, но и двајцата со лош процент на шут.

Гордон Хејворд ги предводеше Хорнетс со 22 поени, а Пи Џеј Вашингтон имаше 21 поен и 12 скока. Дебитантот Марк Вилијамс искомбинираше 15 поени и 16 скока.

Кошаркарите на Оклахома Сити Тандер славеа со 118:113 на гостувањето кај Портланд Трејл Блејзерс, остварувајќи важна победа во ловот на плеј-офот.

Шаи Гилгеус-Александер ги предводеше победниците со 31 поен, а Џејлен Вилијамс постигна 23 поени. Ослабените Трејл Блејзерс ги предводеше Шедон Шарп со 29 поени, а Насир Литл постигна 28 поени.

Оклахома Сити се на 10-то место со учинок 37-38, со победа предност пред Далас (36-39). Лос Анџелес Лејкерс се деветти со ист учинок како Тандер (37-38), откако на домашен терен беа поразени од Чикаго Булс (118-108).

РЕЗУЛТАТИ

Шарлот – Далас 110:104
ЛА Лејкерс – Чикаго 108:118
Атланта – Мемфис 119:123
Бостон – Сан Антонио 137:93
Кливленд – Хјустон 108:91
Орландо – Бруклин 119:106
Торонто – Вашингтон 114:104
Портланд – Оклахома Сити 112:118
Голден Стејт – Минесота 96:99

ТАБЕЛИ

ИСТОЧНА КОНФЕРЕНЦИЈА
1. Милвоки Бакс 53 21 71,6 отсто
2. Бостон Селтикс 52 23 69,3
3. Филаделфија 76ерс 49 25 66.2
4. Кливленд Кавалирс 48 28 63.2
5. Њујорк Никс 42 33 56,0
6. Бруклин Нетс 40 35 53.3
————————————–
7. Мајами Хит 40 35 53,3
8. Атланта Хокс 37 38 49,3
9. Торонто Репторс 37 38 49.3
10. Чикаго Булс 36 38 48,6
————————————–
11. Индијана Пејсерс 33 42 44.0
12. Вашингтон Визардс 33 42 44.0
13. Орландо Меџик 32 43 42,7
14. Шарлот Хорнетс 25 51 32,9
15. Детроит Пистонс 16 58 21.6

ЗАПАДНА КОНФЕРЕНЦИЈА

1. Денвер Нагетс 50 24 67,6 отсто
2. Мемфис Гризлис 47 27 63,5
3. Сакраменто Кингс 45 29 60,8
4. Феникс Санс 39 35 52,7
5. ЛА Клиперс 39 36 52,0
6. Голден Стејт Вориорс 39 37 51,3
————————————–
7. Минесота Тимбервулфс 38 37 50,7
8. Њу Орлеанс Пеликанс 37 37 50.0
9. Лос Анџелес Лејкерс 37 38 49,3
10. Оклахома Сити Тандер 37 38 49.3
————————————–
11. Далас Маверикс 36 39 48,0
12. Јута Џез 35 39 47.3
13. Портланд Трејл Блејзерс 32 42 43.2
14. Сан Антонио Спарс 19 56 25.3
15. Хјустон Рокетс 18 57 24.0

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Од Силекс во Казахстан: Додев договори трансфер во Алтаи
Вести

Од Силекс во Казахстан: Додев договори трансфер во Алтаи

16/06/2026
Ждрепката не ги поштеди вардарци, Купс прв ривал во Европа
Вести

Ждрепката не ги поштеди вардарци, Купс прв ривал во Европа

16/06/2026
Голманот што ја запре Шпанија стана светска сензација преку ноќ
Вести

Голманот што ја запре Шпанија стана светска сензација преку ноќ

16/06/2026
Египет испушти победа, Белгија се спаси од пораз
Вести

Египет испушти победа, Белгија се спаси од пораз

15/06/2026
Историски резултат: Зеленортските острови непоразени против фаворитот Шпанија
Вести

Историски резултат: Зеленортските острови непоразени против фаворитот Шпанија

15/06/2026
Трансфер бомба од Мадрид: Кукуреља се сели на „Сантијаго Бернабеу“
Вести

Трансфер бомба од Мадрид: Кукуреља се сели на „Сантијаго Бернабеу“

15/06/2026
Следна вест
„Баница 1903-стратегот на македонскиот универзум“ е ново книжевно дело на Зоран Пејковски

„Баница 1903-стратегот на македонскиот универзум“ е ново книжевно дело на Зоран Пејковски

Најнови вести

Што да јадете за здраво срце – препораки од кардиолози

Што да јадете за здраво срце – препораки од кардиолози

16/06/2026
На Табановце и Богородица се чека околу 30 минути

Најавени мерки за побрз проток на границите и помалку чекање

16/06/2026
Отстранет кабаст отпад од училишниот двор во Скопје

Отстранет кабаст отпад од училишниот двор во Скопје

16/06/2026
Се реконструира улица во Кисела Вода со средства од унгарскиот кредит

Се реконструира улица во Кисела Вода со средства од унгарскиот кредит

16/06/2026
Карпош поставува нови чешмички за пиење вода на повеќе локации

Карпош поставува нови чешмички за пиење вода на повеќе локации

16/06/2026
Русите во септември избираат нов состав на парламентот

Русите во септември избираат нов состав на парламентот

16/06/2026
  • Импресум
Информации: +00 389 123 456 789

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.

Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.