• Импресум
Monday, January 5, 2026
METRO.mk
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
METRO.mk
Нема резултати
Погледни ги сите

Прва Скопска ТВ со анализа: Десет работи што треба да и се случат на Македонија во 2026 година

04/01/2026
Време за читање: 1 минути
A A
Пред 19 години на денешен ден земјава го поднесе барањето за членство во ЕУ

Прва Скопска ТВ според анализа на редакцијата, но и според коментарите на социјалните мрежи од нашите гледачи и читатели на веб страната направи селекција на она што е неопходно да и се случат на Македонија во 2026 година. Еве ги десетте топ приоритети за нашата држава годинава во избор на нашите гледачи и читатели.

1. Посеопфатна борба против корупцијата

Корупцијата го разјадува македонското општество и мора оваа година уште поефикасно надлежните да се борат против неа. Политиката мора да престане да се меша во истрагите, а неопходни се силни институции кои без надворешно влијание ќе ја спроведуваат борбата против корупција. Неселективноста е клучна, а граѓаните треба да имаат пристап до информации за тоа како се користат јавните ресурси.

2. Подобрување на патната и железничката инфраструктура

Добрата патна инфраструктура е темел на успешна држава. Во 2026 година мора да се завршат многу градежни проекти кои се започнати, а треба да се започне и со нови инфраструктурни поврзувања низ Македонија, но и со соседите. Градежниците и машините постојано да се на терен. Железниците треба забрзано да се модернизираат и да нема нови одложувања. Сето тоа ќе ја зголеми мобилноста, безбеноста на населението, а и ќе ја зголеми економската активност.

3. Стабилна, предвидлива и развојна економија

Владата и стопанските чинители како и банките уште поактивно треба да се вклучат во развојот на економијата. Македонија во оваа година треба да има стабилна инфлација и предвидлива економска политика. Поддршката за домашната потрошувачка и индустрија ќе овозможи раст и работни места. Важно е да се спроведе и борба со сивата економија. Економската стабилност ќе ја намали зависноста од краткорочни кредити, а и ќе донесе повисоки плати.

4. Справување со демографската криза

Подобрена иднина во земјата нема без луѓе. 2026 година треба да биде и година кога многу повеќе сите ние ќе размислиме и делуваме околу демографската криза во Македонија. Нужни се мерки за поддршка на семејства и зголемување на наталитетот. Да, се стимулираат на враќање младите од странство. Поддршка за ранливи семејства и младински програми. Секако и самите млади и нивниот однос кон семејството и децата треба да се менува.

5. Засилена активност околу евроинтеграциите

Нужен е засилен напредок во реформите кои ќе влијаат на нашето приближување кон членство во ЕУ. Во годинава е потребно и конечно заедништво на партиите околу притисоците и ветата кои ги наметнуваат членки на ЕУ. Лобирањата во Брисел треба да се интензивираат и да се објаснува што македонскиот народ очекува и може да прифати при влез во ЕУ. Сето тоа ќе ја зајакне позицијата на Македонија во Европа.

6. Реформи во образованието и здравство

Средување на здравството и образованието треба да се еден од приоритетите на Владата во оваа година. Подобрување и модернизација на инфраструктурните објекти од овие области се подразбира и е неопходна. Повеќе од потребни се реформи во организацискиот дел. Половичните решенија како што беше низ годините наназад треба да се заборават. Корупцијата и непрофесионалноста во здравството и образованието треба да се искоренуваат.

7. Вистинско намалување на загадувањето на воздухот

Борбата против загадениот воздух секога година беше приоритет и ништо од тоа не бидна. Во 2026 година треба конечно да се спроведе посеопфатна аксија. Нужна е контрола на индустријата и транспортот за намалување на штетните емисии. Проекти за зелена инфраструктура, за гасификација и слично ќе го подобрат квалитетот на воздухот. Секако, и одговорноста на секој граѓанин треба да порасне.

8. Вистинска реформа на јавниот сектор

Јавната администација е трома и преобемна и во годинава мора да се најде решение како тоа да се промени. Потребни се подобрувања на ефикасноста и транспарентноста на државните услуги. Дигитализација на административните процеси ќе го намали бирократскиот товар. Со добро и незавосно скенирање треба да се види и каде треба да има кратење на вработени, па и на цели институции.

9. Реформи во правосудството

Рејтингот на сидиите и обвинителите мора да ги натераат надлежните за сериозна реформа во правосудството. Барањето на повисоки плати не е единственото тешение, треба да се види и кој во правосудниот систем не работел како што треба. Треба да се трасира патот за независно и ефикасно судство со правични пресуди и скратени бирократски процедури.

10. Промоција на културата и спортот

Поголемо внимание да се обрне кон уметноста и спортот во Македонија. Нужни се поддршки на музеи, театри, фестивали и локални уметници. Културните проекти ќе ја поттикнат креативноста и истовремено, ќе ја зачуваат и промовираат македонската културна традиција. Потребни се и разни нови спортски објекти, како и поддршка на младите талентирани спортисти.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Студеното време го оптоварува срцето: Кој е најмногу во ризик?
Вести

На секои 10 минути ново дете со грип во „Бит Пазар“

04/01/2026
САД го фатија Мадуро, обвиненијата веќе поднесени – следи судење во Њујорк
Вести

Загриженост за суверенитетот на Венецуела, осуда од Шпанија и пет земји од Латинска Америка

04/01/2026
Димитровски: Голем Божиќен концерт „Свет, Свет, Свет“ на 8 јануари во Битола
Вести

Димитровски: Голем Божиќен концерт „Свет, Свет, Свет“ на 8 јануари во Битола

04/01/2026
Битолските моторџии како Дедо Мразовци повторно донесоа празнична радост низ градот
Вести

Битолските моторџии како Дедо Мразовци повторно донесоа празнична радост низ градот

04/01/2026
Наполи по трет пат го крена трофејот во Суперкупот – Елмас беше во стартниот состав
Вести

Елмас одличен, Наполи победи

04/01/2026
Лидс испушти победа, Манчестер Јунајтед се спаси со брз гол
Вести

Лидс испушти победа, Манчестер Јунајтед се спаси со брз гол

04/01/2026
Следна вест
Трамп тврди: САД го заробиле венецуелскиот претседател Николас Мадуро

САД со обвинение против Николас Мадуро и неговото семејство за наркотерозирам

Најнови вести

Студеното време го оптоварува срцето: Кој е најмногу во ризик?

На секои 10 минути ново дете со грип во „Бит Пазар“

04/01/2026
САД го фатија Мадуро, обвиненијата веќе поднесени – следи судење во Њујорк

Загриженост за суверенитетот на Венецуела, осуда од Шпанија и пет земји од Латинска Америка

04/01/2026
Димитровски: Голем Божиќен концерт „Свет, Свет, Свет“ на 8 јануари во Битола

Димитровски: Голем Божиќен концерт „Свет, Свет, Свет“ на 8 јануари во Битола

04/01/2026
Битолските моторџии како Дедо Мразовци повторно донесоа празнична радост низ градот

Битолските моторџии како Дедо Мразовци повторно донесоа празнична радост низ градот

04/01/2026
Наполи по трет пат го крена трофејот во Суперкупот – Елмас беше во стартниот состав

Елмас одличен, Наполи победи

04/01/2026
Лидс испушти победа, Манчестер Јунајтед се спаси со брз гол

Лидс испушти победа, Манчестер Јунајтед се спаси со брз гол

04/01/2026
  • Импресум
Информации: +00 389 123 456 789

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.

Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.