• Импресум
Thursday, July 16, 2026
METRO.mk
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
METRO.mk
Нема резултати
Погледни ги сите

Расте наплатата од граѓаните, вкупно инкасирани 137 милиони евра од извршителите

03/03/2026
Време за читање: 1 минути
A A
Многу пари и среќа во 2026 година за овие луѓе – еве што предвиде Баба Ванѓа

Во текот на 2025 година извршителите во Македонија присилно наплатиле вкупно 137.368.058 евра, што претставува реализација од 43,63 проценти од примените барања за извршување. Иако оваа сума е за околу 23,3 милиони евра пониска во споредба со 2024 година, забележлив е пораст на износот наплатен од граѓаните-должници.

Според годишниот извештај за работата на извршителите, најголем дел од средствата се наплатени од компаниите – 63.466.121 евра. Од граѓаните присилно се наплатени 50.866.174 евра, што претставува највисок износ досега и првпат ја надминува границата од 50 милиони евра. Од државните институции, пак, биле наплатени 24.802.218 евра.

Во споредба со претходната година, наплатата од граѓаните е зголемена за речиси четири милиони евра, додека кај компаниите и државата е евидентиран пад на наплатените средства.

Компаниите не се само најголеми должници, туку и најголеми доверители. Во текот на 2025 година тие преку извршители наплатиле повеќе од 105 милиони евра. Граѓаните, како доверители, наплатиле над 31 милион евра, додека државата во оваа улога инкасирала нешто помалку од 2,5 милиони евра.

Податоците на Комората на извршители покажуваат дека од воведувањето на извршителскиот систем до крајот на 2025 година вкупно се присилно наплатени 2.220.801.014 евра.

Најголем дел од наплатата во 2025 година е реализиран во Скопје – речиси 70 милиони евра. Потоа следуваат подрачјата на Основниот суд Битола и Основниот суд Ресен со околу 10,7 милиони евра, како и судовите во Велес, Гевгелија, Кавадарци и Неготино со околу 9,8 милиони евра.

Во текот на годината биле поднесени 160.971 барања за присилна наплата од страна на компании, од кои 10.257 се од банки, а 45.219 од комунални претпријатија.

Во меѓувреме, повторно се актуелизираат најавите за законски измени со цел дигитализација и зголемување на ефикасноста на извршната постапка, додека синдикатите бараат намалување на трошоците што ги сносат должниците.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Спасен холандски турист во Охрид, однесен во болница со скршеница на нога
Вести

Охрид на чекор од „црвената листа“ на УНЕСКО поради дивоградби и загадување

16/07/2026
По мечот постојат милиони „тренери“ и сите знаат подобро, кажа Тухел по елиминацијата на Англија
Спорт

По мечот постојат милиони „тренери“ и сите знаат подобро, кажа Тухел по елиминацијата на Англија

16/07/2026
(ВИДЕО) Прва скопска ТВ: Водата во Скопје безбедна за пиење
Вести

Планирани прекини: Еве каде нема да има струја и вода

16/07/2026
Седници на три собраниски комисии
Вести

Законите за високото образование и студентскиот стандард пред Собранието

16/07/2026
Македонскиот амбасадор во Албанија утре на средба ќе му поднесе извештај на министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски за контроверзниот попис што македонската заедница го отфрли како демографски инженеринг преку надворешно влијание
Вести

Над шеесет држави на безбедносен самит во САД, присуствува и Муцунски

16/07/2026
Од утре температурата ќе се намали за околу 10 степени
Вести

Сончево и многу топло, попладне можна локална нестабилност

16/07/2026
Следна вест
МВР со мерки за безбедност за време на посетата на генералниот секретар на НАТО, измени во сообраќајот во Скопје

МВР со мерки за безбедност за време на посетата на генералниот секретар на НАТО, измени во сообраќајот во Скопје

Најнови вести

Спасен холандски турист во Охрид, однесен во болница со скршеница на нога

Охрид на чекор од „црвената листа“ на УНЕСКО поради дивоградби и загадување

16/07/2026
По мечот постојат милиони „тренери“ и сите знаат подобро, кажа Тухел по елиминацијата на Англија

По мечот постојат милиони „тренери“ и сите знаат подобро, кажа Тухел по елиминацијата на Англија

16/07/2026
(ВИДЕО) Прва скопска ТВ: Водата во Скопје безбедна за пиење

Планирани прекини: Еве каде нема да има струја и вода

16/07/2026
Седници на три собраниски комисии

Законите за високото образование и студентскиот стандард пред Собранието

16/07/2026
Македонскиот амбасадор во Албанија утре на средба ќе му поднесе извештај на министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски за контроверзниот попис што македонската заедница го отфрли како демографски инженеринг преку надворешно влијание

Над шеесет држави на безбедносен самит во САД, присуствува и Муцунски

16/07/2026
Од утре температурата ќе се намали за околу 10 степени

Сончево и многу топло, попладне можна локална нестабилност

16/07/2026
  • Импресум
Информации: +00 389 123 456 789

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.

Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.