Кубански советници за безбедност и лекари ја напуштаат Венецуела, додека владата на привремената претседателка Делси Родригез се соочува со засилен притисок од САД да го распушти клучниот левичарски сојуз меѓу двете земји, пренесуваат светските агенции, повикувајќи се на повеќе добро информирани извори.
Според дел од изворите, Родригез ја доверила својата лична безбедност на венецуелски телохранители, за разлика од поранешниот претседател Николас Мадуро и неговиот претходник Уго Чавез, кои се потпираа на елитна кубанска единица.
Во напад на американската војска на 3 јануари, при кој беше заробен Мадуро, загинале 32 кубански државјани, наведуваат агенциите.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:












