Повеќе населени места во Скопје и околината во недела, 12 јули, ќе останат без вода поради санација на дефект на главна водоводна цевка, информираат од ЈП „Водовод и канализација“.
Од претпријатието соопштија дека поради уличен дефект на водоводна цевка со профил ф-600 милиметри на улицата „Борис Трајковски“, во близина на бензинската пумпа „Лукоил“ во Пинтија, ќе има прекин во снабдувањето со вода.
Без вода ќе останат корисниците од Пинтија, Усје, Долно Лисиче, Драчево, Батинци, Студеничани, Моране и Зелениково.
Прекинот ќе започне во 09:00 часот, а водоснабдувањето ќе биде нормализирано по завршувањето на санацијата на дефектот, информираат од „Водовод и канализација“.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:












