• Импресум
Monday, July 27, 2026
METRO.mk
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
METRO.mk
Нема резултати
Погледни ги сите

СДСМ им дава поддршка на лозарите: Три денари плус по килограм грозје преку законско решение

31/08/2025
Време за читање: 1 минути
A A
СДСМ Струмица со одговор до ВМРО-ДПМНЕ:Вие сте шампиони во избегнување на одговори и симулирање „опозиција” додека сте власт

После 15 месеци власт на ВМРО-ДПМНЕ, лозарите се оставени сами, без никаква реална поддршка од владата. Наместо вистинска грижа за едно од најважните земјоделски производствa, лозарите денес се соочуваат со понижувачки ниски откупни цени и неправедни услови, стои во соопштението на СДСМ, што МИА го пренесува интегрално.

Откупната цена е зголемена за само пола денар по килограм, во услови кога сите производствени трошоци драматично растат. Во вакви услови, ова минимално зголемување е навреда за трудот на лозарите и закана за нивниот опстанок.

Дополнително, власта дозволува винариите да добиваат државна поддршка од два денари по литар преработено вино од минатата реколта, а во исто време на лозарите да им се кратат 8% од цената на грозјето. Наместо лозарите да имаат избор, оваа година сите се принудени да потпишат анекси на договори за намалување на цената, без можност за одбивање, доколку сакаат нивното грозје воопшто да биде откупено.

По средбата на претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, со лозарите, СДСМ ќе поднесе законско решение во Собранието.

Во услови кога се веќе распишани локалните избори единствениот пат да им се помогне на лозарите е преку Закон во македонското Собрание.

Првично, ќе се интервенира во Законот за вино, со додавање на посебен член кој законски ќе ја уреди директната финансиска поддршка од три денари по килограм грозје за производството во 2025 година.

Со оваа мерка, лозарите ќе добијат стабилна и сигурна поддршка токму во време кога тоа им е најпотребно.

Истовремено, СДСМ ќе предложи и бришење на одредбата од Законот за вино која дозволува кратење од 8% од цената на грозјето од страна на винариите. Со тоа ќе се стави крај на неправдата со која со години лозарите се оштетуваат и ќе се обезбеди фер однос кон нивнито труд.

СДСМ стои на страната на лозарите и нивните семејства. Очекуваме сите пратеници во Собранието да го поддржат овој предлог и конечно да се стави крај на неправдите.

Лозарите заслужуваат фер цена и сигурна поддршка. Доста беа понижувања.

Центар за комуникации на СДСМ

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Седници на три собраниски комисии
Вести

Собранието го изгласа ребалансот на Буџетот за 2026 година

27/07/2026
Протекоа стратешки документи на Путин
Вести

Путин не користи мобилен телефон, комуницира само преку специјални линии

27/07/2026
Три жени избодени со нож во Париз, една е во критична состојба
Вести

Три жени избодени со нож во Париз, една е во критична состојба

27/07/2026
Графит „УЧК“ осамна на просториите на КУД „Српски вез“, полицијата истражува
Вести

Графит „УЧК“ осамна на просториите на КУД „Српски вез“, полицијата истражува

27/07/2026
Коњановски: Младите се двигател на промените, нивниот глас мора да се слушне
Вести

Коњановски: Младите се двигател на промените, нивниот глас мора да се слушне

27/07/2026
Коњановски: Заедно со граѓаните креираме проекти што го менуваат секојдневието
Вести

Коњановски: Со забрзана динамика се градат нови спортски игралишта во битолските училишта

27/07/2026
Следна вест
Стојаноски: Се потврдија нашите тврдења – Филипче најави коалиција со ДУИ

Стојановски: Владата на ВМРО-ДПМНЕ за една година изгради и пушти во употреба 71.2 километри експресен пат и автопат, следуваат нови делници

Најнови вести

Седници на три собраниски комисии

Собранието го изгласа ребалансот на Буџетот за 2026 година

27/07/2026
Протекоа стратешки документи на Путин

Путин не користи мобилен телефон, комуницира само преку специјални линии

27/07/2026
Три жени избодени со нож во Париз, една е во критична состојба

Три жени избодени со нож во Париз, една е во критична состојба

27/07/2026
Графит „УЧК“ осамна на просториите на КУД „Српски вез“, полицијата истражува

Графит „УЧК“ осамна на просториите на КУД „Српски вез“, полицијата истражува

27/07/2026
Коњановски: Младите се двигател на промените, нивниот глас мора да се слушне

Коњановски: Младите се двигател на промените, нивниот глас мора да се слушне

27/07/2026
Алкалоид Скопје (ALK), НЛБ Банка АД Скопје (TNB) и Македонски Телеком Скопје (TEL) со најголем промет, МБИ10 се намали за 0,19% на 9.959,02 поени

Македонската берза во благ пораст: МБИ10 порасна за 0,27 отсто, најтргувани акциите на Комерцијална банка

27/07/2026
  • Импресум
Информации: +00 389 123 456 789

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.

Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.